Лејди Гага повторно на големото платно: Овој пат ќе игра цвеќарка во хорор филм
Пејачката и актерка Лејди Гага наводно ќе се појави во улогата на Одри во новата верзија на филмот „Малата продавница на ужасот“, пренесува „USweekly“.
Познатиот музикал го следи Симор, осамениот работник во цвеќара кој чезнее за колешката Одри, а потоа ја открива необичната билка месојад, која ја наредува Одри II и ја храни со човечко месо.