Лена пред 10 години ја воодушеви Србија, а потоа доживеа трагедија која ѝ го промени животот: Сега никој не би ја препознал, еве што прави
Лена Стаменковиќ при првиот телевизиски настап ги освои сите симпатии на јавноста, а потоа и се случи се во животот.
Лена Стаменковиќ стана вистинска музичка сензација штом се појави на сцената на само 10 години, како нејзиниот врсник Марко Бошњак кој со својот глас ја расплака цела Србија. Како да дојде од Бродвеј, проговорија нејзините попознати колешки и најпознати пејачи. Сепак, ова преслатко русокосо девојче набрзо исчезна од очите на јавноста, а денес порасна во прекрасна млада дама, додека музиката сè уште и е во крвта.
Нејзината харизма само се зголемува со текот на годините, но нејзините погледи на животот се нешто што воодушевува многу луѓе. Покрај тоа, таа изгради автентичен стил на облекување, а се чини дека на само 20 години има јасни цели пред себе и не дозволува никој да и ги уништи соништата.
Лена Стаменковиќ е родена на 1 јуни 2004 година во Зајечар. Таа за прв пат запеа пред публика на крштевката на нејзиниот помал брат. Моментално студира соло пеење и пијано во музичкото училиште Јован Пандур.
Нејзини омилени изведувачи се: Селин Дион, Алиша Кис, Мараја Кери и Мајкл Џексон, а омилена група и е Квин. Освен што пее, таа црта, плете и глуми.
Таа не беше дел од естрадата, но многумина велат дека веќе би била голема ѕвезда во Америка.
-Колку пати луѓето велат дека не е за овде, за американскиот пазар е. Да бев во Америка, сега ќе бев на допинг, верувајте ми, тоа е многу поголем притисок. Би заработила за поколенија а можеби и се би потрошила … но сосема е логично зошто има многу самоубиства и тешки приказни, не може секој да се носи со сето тоа. И не е здраво свесно и нормално да се поминува низ сето тоа – истакна Лена.
Претрпе насилство од врсници
Како што открила Лена во една емисија, најтешка и била ситуацијата кога, според неа, врсниците се обиделе да ја удават во базенот.
- Потсмевање, озборување, дури и фрлање со камења се многу мали работи во споредба со она што се случи. Тогаш некако ти работи кликер во мозокот дека и ова треба да го преживееш – изјави Лена Стаменковиќ за „Курир“ и додаде:
-Имав ситуација за која малкумина знаат, се обидоа да ме удават во базен и тоа е „нормално“. Деца, не знам што е во прашање, не го сфаќам за лошо, децата се. И без разлика на се, вашиот мозок тогаш мора да работи многу брзо – открила Лена.
Поради неповолни ситуации таа се повлече во себе
- Мораме да ја разбереме другата страна на другите луѓе. Иако поради сите ситуации станав интровертна личност, тоа многу ми помогна затоа што почнав да пишувам и сета болка што ја трпев од другите луѓе ја презентирав на хартија, хармонија и музика.
Својот величествен талент и сето знаење што го стекнала го споделува и со учениците од пејачката школа на Сузана Бранковиќ, поранешна членка на „Бјути квинс“.
Фото:Инстаграм