Леонардо ДиКаприо за Грета Тунберг: Таа е предводник на нашето време

Леонардо ДиКаприо за Грета Тунберг: Таа е предводник на нашето време

Објавена во: Совети // School zone

Холивудскиот актер Леонардо ДиКаприо во Калифорнија ја запозна младата активистка за борба против климатските промени, Грета Тунберг. Тој ја нарече Грета предводник на нашето време и вели дека му е огромна чест што ја запознал, пишува Guardian.

Леонардо Ди Каприо, кој и самиот е голем борец за зачувување на животната средина, на својот Инстаграм профил објави заедничка фотографија од него и младата активистка за климатски промени Грета Тунберг.

Под нивната заедничка фотогтафија славниот актер напиша: „Ретки се моментите во човековата историја кога толку силно се слуша нечиј глас. Грета стана предводник на нашето време“.

Актерот пишува и дека историјата ќе ни суди по она што сме го направиле и презеле за на идните генерации да им овозможиме живот на планетата која ја земаме здраво за готово.

Истакнува и дека се надева дека Грета успеала да им покаже на светските лидери на тоа дека периодот на неактивност, кога се климатските промени во прашање, всушност е веќе минато.

„Поради Грета и другите млади активисти јас сум оптимист кога е нашата иднина во прашање“, пишува Ди Каприо на Инстаграм.

Тој додава и дека му е чест што ја запознал оваа млада активистка и додал дека се сложиле за тоа да се поддржат еден со друг во обидите да се обезбеди поубава иднина на планетата Земја.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: