Лесно и забавно учење на македонската азбука
Просветно дело со овој избор наслови ви овозможува лесно и забавно да ги научите буквите, да ја запознаете нивната графичка структура, нивната различна положба во зборот како и решавање задачи за да се запознаете со нив.
За да им бидат на дечињата лесни и интересни првите чекори во запознавање на азбуката, во некои од насловите се понудени и лесни стихови кои асоцираат на дадената буква, некаде зборови, а некаде и кратки реченици. Сите страници изобилуваат со впечатливи и разиграни илустрации, со кои визуелно се најавува буквата што се учи. Вклучено е и доцртување и боење на контурите на буквите, зашто така се зацврстува претставата за нивната форма во свеста на детето. Секако, во изучувањето активно ќе помогнат и родителите и наставниците, а децата сами ќе ги извршуваат задачите.