Летаат пари на сите страни: Цеца Ражнатовиќ на ромската свадба зема 100.000 евра
Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ пред неколку дена отпатува во Рим, преку Париз, каде заедно со колегите Аца Лукас, Адил Максутовиќ и многу други пееше на една луксузна ромска свадба.
Ражнатовиќ во Рим била пречекана како кралица, а на нејзиниот тим, како на и ќерката Анастасија која беше со неа, домаќините им обезбедија сместување во најлуксузниот хотел.
Дека не ги жалеле парите за специјалните гости, сведочат и фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи, на кои може да се види целиот раскош на луксузниот хотел.
Како што неофицијално дознава ало.рс, домаќините од Рим од порано ја познаваат фолк ѕвездата, дека таа неколку пати пеела на нивни прослави, па со самото тоа не жалеле што за еден час, колку што траел нејзиниот настап, ѝ платиле 100.000 евра.
Со оглед на тоа дека на социјалните мрежи се појави видео од настапот на Цеца, многумина коментираа дека и бакшишот бил голем. Но, како што дознаваме, Цеца никогаш во својата кариера не зимала бакшиш, но на ромските свадби е обичај да се закити пејачот, бидејќи така покажуваат почит кон него, а навреда е доколку пејачот одбие. Фолк ѕвездата го знае редот, па тие пари подоцна им ги подели на своите музичари, исткана ало.рс.