Летен хит: Ремени кои секоја комбинација ќе ја направат совршена

Летен хит: Ремени кои секоја комбинација ќе ја направат совршена

Објавена во: Мода // Must have

Ефективните модни додатоци се клучот за да постигнете уникатен стајлинг што ве издвојува од толпата. Малите, но значајни детали им даваат на вашите омилени летни парчиња дополнителна доза смелост и ги прават навидум поскапи и луксузни.

Еден од нив е популарниот ремен- како ланец, но и оној во комбинација од кожа и метал, кој може да се носи во сите комбинации - преку јакна или фустан, со бермуди и здолниште или на едноставен пар фармерки. Без оглед дали сакате златни или сребрени додатоци, во продолжение на текстот, погледнете неколку фотографии што ги подготвивме за вас и инспирирајте се.

Ремените се омилени детали на модната сцена многу години. Оваа година колекциите ги збогатија оние што можат да се носат и околу колковите и околу половината. Тие можат да се најдат по навистина ниски цени.

Ќе ги издигнете едноставните парчиња на ново ниво, додека оние во светли и пастелни бои ќе ги направавите попрефинети. Покрај класичните ланци, оваа сезона се хит и оние со приврзоци во форма на букви и други интересени мотиви.

Ако сè уште не го додадовте овој моден додаток во вашата летна гардероба, сега е вистинско време да го сторите тоа.


Објавена во: Мода // Must have

Можеби ќе ве интересира: