Лиам го потврди обединувањето на One Direction: Се враќа ли и Зејн?

Лиам го потврди обединувањето на One Direction: Се враќа ли и Зејн?

Објавена во: Stars // Музика

Пристигнуваат убави вести за сите обожаватели на 1D!

Како што пишува E! News, во неделата попладне Лиам Пејн имаше „лајв“ на Инстаграм со шветскиот диџеј Алесо, во кој разговараа за музичката соработка која во иднина би можеле да ја реализираат.

Да се потсетиме, тие двајца неодамна веќе објавија еден заеднички сингл, а за време на овој „лајв“, обожавателите на Лиам поставија и многу прашања поврзани со новото обединување на One Direction за кое се шушка. Изгледа дека Лиам индиректно го потврди ова.

Како што се приближува десетгодишнината од формирањето на групата, обожавателите во последно време шпекулираат дека Лиам, Хери Стајлс, Луис Томплинсон и Ниал Хоран планираат повторно обединување. Без разлика дали обединувањето го вклучува и Зејн, можеме само да шпекулираме.

Сепак, минатиот викенд верните следбеници на оваа група забележаа дека момците од официјалните профил на групата започнаа да го следат Зејн на Твитер и тоа првпат по неговото напуштање на групата во 2015 година. Освен тоа, Зејн на „Гугле“ повеќе не е наведен како поранешен член на бендот, па не се исклучува можноста дека овој пат би можел да се врати како вокал.

На „лајвот“ на Истаграм за кој споменавме претходно, Лиам сподели дека неодамна разговарал со Ниал и дека голем број од членовите на бендот се во Лондон, па дека планираат да договорат групен разговор и да разговараат за идните планови.

Тој додаде: „Не можам засега многу да кажам, но планираме нешто големо...“. На ова Алесо му одговори: „Охх, па, целиот свет ќе експлодира“.

Кој се радува најмногу на враќањето на One Direction?

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: