Лиам Пејн го поддржа насилното однесување на Вил Смит: Ги збуни сите со начинот на кој зборува (ВИДЕО)
Лиам Пејн имаше прилично бизарно однесување додека гостуваше во една утринска емисија во Британија. Сепак, сите кои го гледаа неговиот настап не знаат дали повеќе се збуниле од тоа што го кажал или како го кажал, пренесува „Daily Mail“.
Лиам Пејн ги разочара сите со тоа што го поддржа насилното однесување на Вил Смит за време на доделувањето на Оскарите, каде познатиот актер излезе на сцената и го удри водителот Крис Рок.
„Тој имаше право да го направи тоа“ - кажа Лиам, кој е голем пријател на Вил.
„Вил живееше во куќата зад мојата, имав задоволство да ги запознаат неговиот син и ќерка. Чувствувам дека тој имаше право да го направи тоа што го направи“.
Сепак, Лиам додава дека никој не може да смета за победник во тој дуел. Сепак, треба да се каже дека ниту Вил Смит не се согласува со Лиам, со оглед на тоа што веќе упати јавно извинување за своето насилно однесување.
Обожавателите на „One Direction“ или тие што останаа од таа голема група, повеќе се занимаваа со тоа што Лиам зборувал со некаков чуден американски акцент, како да живеел 20 години во Калифорнија. Многумина додаваат дека им било тешко да го разберат и дека не им е јасно како некој кој израснал во Англија успеал толку брзо да го промени начинот на кој зборува!
фото: Принтскрин / Јутјуб