Лично му ја достави елката на момчето и го воодушеви целото семејство: Солзи радосници поради изненадувањето на Марија Шерифовиќ

Лично му ја достави елката на момчето и го воодушеви целото семејство: Солзи радосници поради изненадувањето на Марија Шерифовиќ

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Евровизиската победничка како вистински Дедо Мраз...

Познатата пејачка Марија Шерифовиќ својата новогодишна елка од минатата година ја чуваше уркасена во својот дом цела година, а пред почетокот на празничната еуфорија, најави дека елката ќе ја подари на еден обожавател, кој исто така ќе треба да ја чува украсена во текот на годината што следува.


Како што и вети во претходниот влог, Марија се пушти во акција на подарување на новогодишната елка на некој обожавател во околината на Белград. Меѓутоа, елката отиде многу подалеку од главниот град на Србија.

Откако мајката на 9-годишно момче, инаку обожавател на Марија, остави коментар со објаснување поради што смета дека токму тие треба да ја добијат елката, пејачката се упати во Босна, поточно во местото Вогошча.

Никој од семејството не очекуваше дека токму таа ќе ја однесе елката, ова беше навистина дупло изненадување за сите нив, кои беа пресреќни, пред сѐ поради тоа што пејачката им тропна на врата.

„Марија! Не можам да верувам. О, Боже... Ни дојде Марија! Ни дојде Марија, дете“ - зборуваше воодушевено мајката на момчето. 

„Ние сме Дедо Мразовци оваа година“ - кажа Марија низ насмевка.

Како изгледаше целото изненадување, погледнете во видеото во продолжение:


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: