Ликови од филмови и серии кои луѓето ги мразат: Топ 10 кои најмногу нè нервираат

Ликови од филмови и серии кои луѓето ги мразат: Топ 10 кои најмногу нè нервираат

Објавена во: Stars // Филм

Што мислиш, кој се најде на место број еден? Би кажале дека навистина ја има заслужено таа позиција.

Нив е невозможно да ги сакаш колку и да се трудиш. Со своето однесување успеаја толку да ги изнервираат гледачите што се најдоа на листата ликови кои најголем број луѓе ги мразат. Над 100.000 луѓе го дадоа својот глас и вака изгледа листата.

Ова се ликовите кои луѓето едноставно не ги поднесуваат. Некои се навистина грозни и со своето однесување нè натераа да ги мразиме, а други се толку иритантни што тоа им пречи на голем број гледачи. На страницата „Ranker“ беше започната иницијативата да се состави листа од ликови од филмовите и сериите кои најголем број луѓе ги мразат. По впишувањето на имињата на илјадници ликови и по гласовите на 100.000 луѓе, се направи оваа листа.

Така се издвоија топ 10 ликови кои се најомразени помеѓу гледачите, а одбрувањето го започнуваме од оној кој се најде на 10-тото место. Кога ќе видиш кој е на првото место, сигурно и ти ќе се сложиш дека навистина заслужува да биде тука, бидејќи дефинитивно е најлош.

# Кери Бредшо

Главниот лик од серијата „Сексот и градот“, девојката која е пример на многу девојки, бидејќи има супер моден стил и плакар полн со чевли за кои многумина сонуваат. Но, колку луѓе и да ја сакаат, сепак има голем број и што не ја сакаат. Кери не е злобен лик кој направил нешто навистина лошо, но нејзиното однесување повремено е толку глупаво и затоа веројатно на голем број им оди на нерви.

фото: Imdb / Screenshot

# Рико Суаве

Сите кои го гледале Хана Монтана, се сеќаваат на овој лик. Рико секогаш нешто плеткал и им го комплицирал животот на сите. Очигледно успеал да се замери со голем број луѓе кога сè уште се сеќаваат на него.

фото: Imdb / Screenshot

# Принцот Ханс

На листата е и еден лик од цртаните, а ако не го препознаваш ликот, станува збор за лик од „Frozen“. Главниот негативец во овој анимиран филм мораше да се најде на оваа листа. Принцот правеше сплетки само за да дојде до тронот, а не се грижеше кој ќе повреди во целиот процес.

фото: Imdb / Screenshot

# Кими Гиблер

Кими очигледно или ја сакаш или не. Ликот е од серијата „Полна куќа“ и е помалку нападен, но воедно и драг и симпатичен. Не е злобна, но нејзиното однесување и мешање во сè не им се допадна баш на сите.

фото: Imdb / Screenshot

# Скајлер Вајт

Тука е и еден лик од „Breaking Bad“. Во еден момент сите ја гледаа, а ликот кој на многумина им остана во најлошо сеќавање е Сакјлер Вајт.

фото: Imdb / Screenshot

# Баз Мекалистер

Името можеби не ти звучи познато, но презимето сигурно. Станува збор за најстариот брат на Кевин од „Сам дома“. Иако крадците се главните негативци во филмот, Баз сепак е оној кој на луѓето им е најмалку драг. Колку и да се негативци и крадци, не се типични злобни луѓе, додека Баз делува како арогантна личност.

фото: Imdb / Screenshot

# Долорес Амбриџ

Повеќе луѓе ја мразат неа, отколку Волдеморт. И навистина заслужи да се најде на ова место на листата. Доколку го имаш гледано Хари Потер, веројатно се согласуваш дека таа е вистински ужас од човек. Освен тоа што е олицетворение на злобата, таа е и иритантна.

фото: Imdb / Screenshot

# Бела Свон

Ликот кој по ништо не е лош, но кој луѓето не можат да го смислат е Бела. Нејзините изрази на лицето и однесување повремено беа чудни, а некои би рекле и иритантни. Луѓето не ја сакаат, а иако „Самрак сага“ заврши пред многу години, кога се зборува за најиритантните ликови на сите времиња, сите и понатаму се сеќаваат на неа.

фото: Imdb / Screenshot

# Едвард Кален

А, на второто место веднаш до неа е и нејзиното момче. Изгледа дека вампирот не им беше на многумина по вкус, кога се најде на ова високо место, како еден од најиритантните ликови.

фото: Imdb / Screenshot

# Џофри Баратеон

И за крај, еден и единствен Џофри. Нема друг лик кој би можел и би требало да биде на ова место. Јасно е како се најде овде. И повеќе од заслужено!

фото: Imdb / Screenshot

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: