Листа на филмови за оние кои секогаш може да го предвидат крајот: На овие 10 сигурно нема да им успее

Листа на филмови за оние кои секогаш може да го предвидат крајот: На овие 10 сигурно нема да им успее

Објавена во: Stars // Филм

Филмови кои дефинитивно ќе те изненадат на крајот!

Мало се уништува целото доживување на филмот ако уште во првата половина точно знаеш како ќе заврши. Кога скоро секој пат твоите претпоставки се потврдуваат како вистинити, посакуваш некогаш да изгледаш некој филм кој ќе те изненади. 

Иако некогаш не ни пречи што од почетокот е очигледно како ќе заврши филмот, некогаш би било супер да изгледаме и некој на крајот ќе не изненади, бидејќи никако не сме можеле да го предвидиме. Сите овие филмови се токму такви. Имаат крај кој ќе те остави без текст, затоа што е толку генијален и неочекуван. Можеш да го предвидиш доколку порано си слушнала за филмовите, па знаеш како завршуваат. Идеални се за оние кои секогаш на крајот од филмот велат нешто во стилот на „ах, знаев дека така ќе заврши“. Епа со овие 10 сигурно нема да знаеш.

# Parasite

Корејски филм за кој пред неколку години се зборуваше постојано. И навистина со причина за него се зборуваше толку, бидеќи филмот е поинаков од сето она што го имаш изгледано досега и крајот е апсолутно неочекуван. Дури и кога знаеш дека крајот е неочекуван, нема да можеш да претпоставиш како ќе биде. Немој да го заобиколуваш затоа што е на корејски.


# Get Out

Започнува како романтична комедија, девојката го води момчето на официјално запознавање со родителите. Одат дома кај неа и работите делуваат нормално. Нејзиното семејство живее во куќа на село, настрана од цивилизацијата, а кога ќе дознае зошто живеат толку далеку од останатите, ќе биде прекасно.


# The Prestige

Јасно е дека и во овој филм те очекуваат неочекувани ситуации кога во средината на приказната се два илузионисти. Тие се борат за тоа кој ќе биде најдобар и кој ќе успее да смисли најдобра илузија. На крајот е јасно кој е победникот, а илузијата која ја смислил ќе биде потполно неочекувана.


# Us

За овој филм кој излезе пред 3 години многу луѓе немаат слушнато, а би требало. Станува збор за одличен филм, кој како и сите останати на оваа листа, во еден момент станува необичен, а на крајот особено изненадува. Приказната следи едно семејство кое оди на одмор кој се претвора во апсолутен хаос кога изненадно се појавуваат нивните злобни близнаци кои почнуваат да ги тероризираат.


# Jacob's Ladder

Еден од жанровите кој е чест на оваа листа се хорор мистериите. Таков е и овој. Станува збор за маж, Џејкоб, кој се обидува да излезе на крај со своето минато и загубата на детето. Има кошмари и му се предвидуваат бизарни ситуации од кои повеќе ни сам знае што е реалност, а што јаве. Штом на некој почнуваат да му се мешаат сонот и реалноста, знаеш дека тоа нема да заврши добро.


# Inception

Ова е еден навистина популарен филм кој мора да се најде на твојата листа. Го нарекуваат еден од филмовите на деценијата кој најмногу ги збунил гледачите. Леонардо Дикаприо глуми крадец, кој краде на начин што им влегува во потсвеста на другите додека спијат. А, потоа ја добива најтешката задача, без да ја украде идејата, да ја всади во умот. Комбинацијата на акција и научна фантастика, можеби не звучи примамливо на прва, но нема да зажалиш доколку го погледнеш.


# Coherence

Чудни работи се случуваат ноќта кога комета лета преку Земјата. Група пријатели се одлучува токму таа вечер да се дружат. Да ја одбрале било која друга вечер, а не оваа...


# Tell No One

Сопругата на Александар била жртва на сериски убиец и починала пред 8 години, а ниту до ден денес тој не успеал да ја преболи: Сега ситуацијата се закомплицирала кога дознава информација дека таа најверојатно е жива - и не само тоа, туку и дека е во опасност. Како и самиот тој. Овој шпански филм ќе те стави без текст. 


# The Others

Грејс има две деца кои имаат ретка болест на кожата поради која се чувствителни на светло, поради што живеат малку поинаков живот. Тоа не би било самото по себе чудно или загрижувачки доколку ќерката одеднаш не почне да кажува дека гледа духови. Иако Грејс не верува во духови, кога ќе почнат да се случуваат чудни и неописливи работи, на неа повеќе не и е сеедно. Крајот на овој филм сигурно нема да го очекуваш.


# Vertigo

И за крај, филмот на Алфред Хитчкок. Еден од филмовите кои можеш без проблем да го погледнеш неколку пати и нема да ти здосади. Поранешен детектив ќе стане опседнат со прекрасна жена за која е платен да ја следи, но набрзо сфаќа дека постојат многу поголеми проблеми од фактот дека таа се губи бидејќи пати од амнезија и затоа што ѝ е измешано чувството за време.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: