Листа на моменти кои ја одбележаа овогодинешната Евровизија!
Фановите се сложија дека ова беше една од најдосадните изданија на Евровизија, но во продолжение погледнете ја листата на моментите кои ја направија оваа манифестација интересна.
# Евровизија по 44 години се враќа во Холандија
Данкан Лоренс ја однесе победата со вкупно 492 поени и по 44 години го врати натпреварувањето во својата држава. Второто место го освои Италија, а третото Русија.
# Исланѓањите држеа палестинско знаме
За време на гласањето претставниците на Исланд го кренаа знамето на Палестина. Имено, Исланд беше првата западна земја која и ја призна независноста на Палестина. На овој начин, како што велат, сакале да го свртат вниманието кон кршењето на човековите права.
# Мадона за настапот заработи скоро 2 милиони евра
Наградата за најскап настап оди во рацете на Мадона. Таа за двете песни кои ги изведе во финалето заработи скоро 2 милиони евра.
# Жирито на Белорусија беше дисквалификувано
Покрај јасните правила, жирито на Белорусија во интервју откриле како гласале во првиот круг. Затоа беа дисквалификувани во финалето.
# Настапот на Кончита, Елена Папаризу, Верка Сердучка и Måns Zelmerlöw
# Фановите се сложни: Евровизија беше здодевна
Големите фанови на Евровизија велат дека ова беше едно од најздодевните изданија досега.