Листата на најтешки и најлесни јазици на светот: Ќе се изненадите во која категорија е класифициран македонскиот

Листата на најтешки и најлесни јазици на светот: Ќе се изненадите во која категорија е класифициран македонскиот

Објавена во: Совети // School zone

Новите студии ги издвоија најлесните и најтешките јазици во светот...

Дали некогаш сте се запрашале кои јазици се најлесни, а кои најтешки во светот? Иако не постои едногласен одговор на ова прашање, еден од најчесто цитираните извори е системот на Foreign service intitute (FSI) кој ги рангира јазиците според тоа колку време обично им е потребно на оние кои се од англиското говорно подрачје да научат одреден јазик.

Системот за рангирање на FSI се состои од пет категории, подредени од најлесните до најтешките врз основа на тоа колку часови учење ќе му бидат потребни на лицето да постигне професионална вештина.

Категоријата I вклучува јазици за кои обично се потребни околу 24-30 недели учење, или од 600 до 750 часа настава, за да се достигне нивото S-3/R-3, што е приближно еквивалентно на B2/C1 ниво. Оваа група вклучува јазици како дански, холандски, француски, италијански, норвешки, португалски, романски, шпански и шведски.

Германскиот јазик бара околу 30 недели или 750 часа и е класифициран во посебна категорија II.

Категоријата III вклучува јазици за кои се потребни 36 недели учење или 900 работни часови. Тоа се јазици со јазични и културни разлики во споредба со англискиот, како што се индонезиските, малезиските и свахилиските јазици.

Категоријата IV се однесува на јазици со уште позначајни јазични и културни разлики во споредба со англискиот, за што се потребни околу 44 недели или 1100 часа учење.

Оваа категорија вклучува: албански, амхарски, ерменски, азербејџански, бенгалски, босански, бугарски, бурмански, хрватски, чешки, естонски, фински, грузиски, грчки, хебрејски, хинди, унгарски, исландски, кмерски, латвиски, литвански, македонски, монголски, непалски, паштунски, персиски, полски, руски, српски, синхалски, словачки, словенечки, тагалог, тајландски, турски, украински, урду, узбекистански, виетнамски, хоса (нигерско-конго јазик), зулу.

И во последната V категорија, има јазици кои се исклучително тешки за говорителите на англискиот јазик и бараат 88 недели, или 2200 часа учење.

Меѓу нив се арапски, јапонски, корејски, кантонски (кинески) и мандарински (кинески).

фото: unsplash.com

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: