Листата се промени: Кои се најплатените ТикТокери во моментов?

Листата се промени: Кои се најплатените ТикТокери во моментов?

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

ТикТокерите се во фокусот повеќе од кога било - кој би рекол дека на крајот на старата и почетокот на новата декада, друга социјална мрежа на Интернет може да порасне толку многу што ќе заработи милиони? Дефинитивно се милиони, бидејќи листата на топ 10 најбогати ТикТокери е полна со милиони - некои од нив не ги заработија овие милиони исклучиво на ТикТок, но оваа платформа секако им донесе пари. 

Во продолжение е комплетната листа:

# Џош Ричардс - 1,5 милиони долари

За помалку од една година ова младо момче доби соработка со најскапите брендови и многу следбеници на ТикТок, па го фати „последниот воз“ да влезе во листата на топ 10 најбогати ТикТокери.

# Риаз Али - 2 милиони долари

Индискиот ТикТокер кој има само 17 години веќе има 40 милиони следбеници и два милиони долари на својата сметка. Неговото време допрва доаѓа.

# Џејкоб Сарториус - 3 милиони долари

Едно од најмладите лица на оваа листа е Џејкоб. Тој пред своето полнолетство заработи импресивни три милиони долари. Што ли ќе го очекува кога ќе порасне?

# Дикси Ди Амелио - 2,9 / 3 милиони долари

Чудно е што Дикси е толку пониско на оваа листа од нејзината сестра Чарли (која котира прилично високо), но повторно е доволно популарна за да се запиша во листата на најбогати. Реалното шоу со семејството кое наскоро ќе започне, ќе ѝ донесе уште поголема популарност.

# Зак Кинг - 3 милиони

Познат е фактот дека момците заработуваат помалку на ТикТок - Зак Кинг е од младите момци кои поминаа најдобро, бидејќи тој има многу убави три милиони долари, што не е мала сума, да не се лажеме.

# Лорен Греј - 5 милиони долари

Уште кога ТикТок беше Musical.ly, Лорен снимаше видеа, а тоа го прави и денес, неколку години подоцна. Од шесто одделение до денес, Лорен стана богата девојка.

# Адисон Реј - 5 милиони долари

Ја очекувавте на првото место, но таа веќе падна на четвртото. Адисон не се промени многу кога е богатството од ТикТок во прашање, но пари дефинитивно има.

# Бејби Ариел - 6 милиони долари

Доколку некој долго се трудеше за да заработи богатство и популарност на ваквите платформи, тоа Бејби Ариел, бидејќи таа е актуелна уште од времето на платформата Musical.ly. Ариел не се откажа, па сега е една од најплатените ТикТок ѕвезди, а беше на насловните страници на сите можно магазини, зборувајќи за важни теми.

# Чарли Ди Амелио - 8 милиони долари

Чарли преку ноќ стана кралица на ТикТок. Иако некогаш тоа беше Адисон Реј, местото на тронот лесно се губи, па сега тука е Чарли. На неа можби прилично ѝ помогна скандалот кој изби кога го привлече вниманието на јавноста поради непристојното однесување кон својот готвач во емисијата на нејзиното семејство. 

# Вил Смит - 350 милиони долари

Вил секако е некој кој е најбогат на оваа листа, не само поради ТикТок, туку и поради својата голема каериера. Сè што ќе земе, претвора во злато. За една година доби 40 милиони следбеници на ТикТок!


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: