Љубители на зелената боја, подгответе се: Уличното издание на Џиџи Хадид кое ја освојува Европа
Целиот моден свет се собра во Париз, каде се одржува Модната недела и таму каде што има мода, таму е и супермоделот Џиџи Хадид, како и нејзиниот инспиративен стил!
Манекенката Џиџи Хадид на пистата се врати многу брзо по раѓањето на ќерката Каи, која ја доби со пејачот Зејн Малик и од тогаш не ги пропушта големите модни случувања. Затоа не може да нè изненади што помеѓу првите пристигна во Париз, каде на Модната недела ќе биде дел од ревиите на повеќе брендови, но и дека ќе биде совршено стилизирана и надвор од пистата.
Девојката чии улични изданија се следат редовно и која ја фотографираат што ќе го напушти својот дом во Њујорк, во Франција допатува подготвена за папараците.
Така, убавата Џиџи веќе е фотографирана во издание кое се смета за најава на новиот ренд, кој особено ќе им се допадне на љубителките на зелената боја и сите нејзини нијанси.
Имено, Џиџи е забележана во комбинација која носи потпис на Викторија Бекам, а која е сочинета од сако со остри линии и малку драматичен ревер во ретро стил и едноставни елегантни панталони со широки ногавици.
Меѓутоа, тоа не е најважниот дел од комбинацијата, туку моментот што Хадид одбра горен дел од смарагдно зелена нијанса, додека долниот маслинеста. Обично, зелените нијанси што се толку оддалечени во спектарот не се носат заедно, туку со некои понеутрални тонови и ако Џиџи со ова го најавува новиот тренд, ние велиме - да!
Тука е и затворената блуза која е нешто потемна од панталоните, а поради собраната коса, Џиџи внимателно одбра и накит: златни обетки во облик на змии, направени во колаборација на брендовите Harris Reed и Missom, кои се одличен начин за да изгледате елегантно, без да бидете нападни. Познато е дека сестрите Хадид се луди за ретро очилата за сонце, па така и тие беа дел од ова издание, а Џиџи се определи за модел со овални стакла на „Le Specs“.