Љубовната кавга на две дечиња стана сензација на Интернет: Дефинитивно ќе ги поправат расположението
Пред да почнат уште веднаш по раѓањето да добиваат паметни телефони и да го учат распоредот на буквите на тастатурата за да им испраќаат пораки на симпатиите, заљубените дечиња некогаш пишуваа љубовни писми и оставаа љубовни пораки во тетратките. Денес тоа е голема реткост, па затоа и не е изненадувачки фактот што сите се стопија од милина кога ги видоа преписките на две седумгодишни дечиња.
На Твитер се појави фотографија од љубовните преписки на Уна и Јанко, две дечиња од седум години, како што пишува во коментарите, која истовремено ги разнежни и насмеа сите кои ја виделе нивната конверзација. Изгледа дека во нивната детска љубов се случиле вистински проблеми, а дека виновникот за истите бил малиот Јанко. Уна му порачала дека го сака, но дека мора да престане да се глупира, а момчето можело да ѝ упати само извинување. Девојчето веднаш покажало дека од своето момче очекува џентлменско однесување какво што една млада дама заслужува.
Učite od dece pic.twitter.com/6Y1efBIFqJ
— VampirovaMama (@VampirovaM) February 8, 2022
„Јанко, те сакам. Од Уна“ - напишало девојчето.
„И јас тебе те сакам најмногу“ - се обидел да биде мил Јанко.
„Но престани да се глупираш“ - остро му вратила Уна.
„Извини, не мислев така“ - ѝ напиша Јанко на својата драга, која му одговори: „Во ред е, срце мое“.
Можете да претпоставите колку коментари полни со воодушевување, но и милина од искреноста и детската љубов има под овој твит.