Љубовната приказна на Џеј Ло и Алекс: Ѝ побарав автограм, се ракувавме пред нејзиниот маж, па ја побарав
Џеј Ло изјави дека би сакала да има дете со Алекс...
Убавата пејачка и познатиот бејзбол играч не се вљубија на прв поглед, но една покана за вечера промени сè, а денес не ги кријат своите емоции. Романтичната веридба се случи на Бахамите, а нивните планови за свечената венчавка ги наруши пандемијата, поради што во моментов работат на проширување на семејството.
Љубовта на Џенифер Лопез и Алекс Родригез започнала на необичен начин и иако искрите не се запалиле веднаш, по неколку години познанство, судбината ги вкрсти нивните патишта.
Во октомври 2005 година, Алекс за првпат ја видел Џенифер Лопез, која го маѓепсала на прв поглед. Имено, тој во тоа време бил на почетокот на неговата бејзбол кариера, а таа играла на еден од натпреварите. Тогаш Родригез и побарал автограм и од тој ден започна нивната љубовна приказна.
Шест години по нивниот прв состанок, Џеј Ло присуствувала на еден бејзбол натпревар на стадионот Шеа во Њујорк со нејзиниот тогашен сопруг Марк Ентони. Џенифер и Родригез се ракувале, а пејачката овој момент го опиша како „чудна струја што траела три секунди“:
„Го погледнав директно во очи и нешто се случи. Не можам ни да го објаснам, но дефинитивно чувствував пеперутки во стомакот.“
Сепак, тие продолжија по својот пат, Алекс беше исклучително популарен кај припадничките на спротивниот пол и во тој период ги полнеше колумните во весниците со врските со многу познати девојки, како Кејт Хадсон и Камерон Дијаз.
По бурните и турбулентни животи, нивните патишта уште еднаш се прекрстија. Во февруари 2017 година, Џенифер и Родригез повторно се сретнале, овој пат во ресторан во Лос Анџелес. Нивните погледи се сретнале, но секој од нив продолжил кон друштвото на својата маса.
„Минуваше покрај мојата маса, и почувствував потреба да го повикам. Иако не се познававме добро, јас го следев и го чукнав по рамото. Така започна сè. Разменивме броеви, и тој таа вечер ми испрати порака: „Дали одиме на вечера?“, јас што јас потврдно одговорив“.
Дека нивните енергии и чувства се совпаѓаат најдобро покажува фактот дека тие започнаа да се забавуваат во февруари 2017 година, а точно две години подоцна тие се верија.
После таа ноќ, ништо не можеше да ја спречи големата љубов што се роди меѓу нив.
Иако се шпекулираше како латино-дивата размислува дали воопшто сака да застане на лудиот камен, светските медиуми сега пишуваат дека следниот чекор на оваа двојка е бебе. Како што пишува таблоидот „Хит“, сметајќи дека нивната венчавка е одложена, решиле да го искористат тоа време најдобро што можат, и да работат на принова.
„Тие ќе закажат нов датум кога работите ќе се смират малку“ - рече изворот и додаде дека, и покрај фактот што нема да одат толку брзо до олтарот, тие се сигурни дека сакаат да го поминат остатокот од животот еден покрај друг.
„Децата се она за што разговараа кога ја започнаа врската“ - рече изворот и додаде дека сега е вистинското време за тоа.
Инаку, Џеј Ло минатата година во едно интервју изјави дека би сакала да има повеќе деца.
„Не знам што има во Божјиот план, но би сакала да се обидам“ - рече таа тогаш.
Да потсетиме, Џеј Ло зад себе има три неуспешни бракови, а од претходниот со Марк Ентони, тој има ќерка и син. Нејзиниот иден сопруг Алекс Родригез од бракот со Синтија Куртис има две деца.