Љубовната приказна на Наталија и Никола Јокиќ: Го чекаат нивното второ дете, а се сакаат уште од средно училиште
Наталија и Никола Јокиќ наскоро ќе станат родители по втор пат, а оваа добра вест одекна во домашните и меѓународните медиуми. Нивната љубовна приказна е слична на онаа што ја напишаа Јелена и Новак Ѓоковиќ.
Никола Јокиќ, најдобриот играч во НБА и неговата сопруга Наталија Јокиќ се венчаа во октомври 2020 година, а заедно се уште од тинејџерските денови. Тие ја имаат тригодишната ќерка Огнена, а наскоро ќе добијат и второ дете.
Љубовна приказна
Наталија е голем поддржувач на Никола Јокиќ уште од неговите тинејџерски
денови. Кога Никола се пресели во Денвер во 2015 година, таа отиде со него и
оттогаш го следи на сите натпревари. На натпреварите доаѓаше сама, а од март
2023 година е на трибините во преслатко друштво, со нивната ќерка Огнена, која
наскоро ќе добие братче или сестра.
Двајцата се од Сомбор, а познатиот кошаркар во една прилика изјави дека по завршувањето на кариерата со семејството ќе се врати во родниот град.
Додека Никола сè уште играше кошарка во Србија, Наталија се пресели во САД во 2013 година за да игра одбојка на колеџот во Оклахома. Тоа беше и една од причините зошто замина со Никола во Америка. Кога конечно се одлучи на тој потег, во 2015 година, Наталија ја напушти одбојката и му се придружи во Денвер. Дипломирала на Државниот универзитет Метрополитен во 2018 година.
Откако се преселил во Денвер, Никола живеел во трособен стан со браќата Немања и Страхиња, а им се придружила и Наталија.
Тој ја запроси Наталија во јануари 2020 година, а се венчаа девет месеци подоцна во неговиот роден Сомбор. Колку му значи поддршката на Наталија Никола, говори и тоа што тој на теренот секогаш носел нешто што припаѓа на својата поубава половина, а од денот на венчавката Јокиќ го применува познатиот ритуал да ја врзува бурмата на неговата патика пред натпреварот.
Љубовната приказна си го зеде својот тек. Тие го добија своето прво дете, ќерката на која и го дадоа името Огнена, во септември 2021 година. Никола продолжи да поставува нови рекорди во проширувањето на семејството, а малата Огнена и неговата сопруга Наталија безусловно го поддржуваат на натпреварите. Наскоро ќе им треба уште едно место на трибините, бидејќи друг наследник или наследничка ќе навива за тато.
Сестрата на Наталија Јокиќ за зетот Никола
„Навистина сме пресреќни за се. Исклучително сме горди. Наталија е мојата друга половина, навистина сме многу блиски, далеку сме, но тоа не значи ништо“, коментира за „Блиц“ Маја Маќешиќ за врската со нејзината сестра и големиот успех на нејзиниот зет Никола кој три пати беше прогласуван за МВП на НБА.
Како деца, Маја и Наталија биле со своите родители во бегалска колонија од Краина, бегајќи од „Бура“ во 1995 година. Нивната мајка Даница тогаш за „Новости“ изјавила: „Ние сме Маќешиќи. Ова е Маја, има три и пол години. А ова е Наталија, штотуку наполни седум месеци. Првото бебе се роди оваа година во Краина, ни бегавме во Карловац. Кога повеќе немаше живот, побегнавме во Слуњ. Сега повторно бегаме, а незнаеме каде. Знаеме само дека повеќе не се враќаме назад“.
„Бевме многу мали кога се случи сето тоа. Нашите родители се трудеа да не го почувствуваме на лош начин тој дел од нашето детство. Јас имав три години кога тоа се случи, а Наталија седум месеци. Искрено, не го паметам моето детство како на лош период, но како најдобар период од животот, сепак за тоа се заслужни мама и тато, така што нема лоши спомени од детството“, истакнува сестрата на Наталија, Маја, која откри и нешто за љубовта меѓу нејзината сестра и девер.
„Наталија и Никола се заедно многу долго. Да ви кажам, јас воопшто не го гледам како некој познат. Живееме во мало место каде што сите го знаат, почитуваат, сакаат и ценат. Кога некој долги години е член на твоето семејство, тогаш немаш чувство дека е познат на некој друг“, додава Маја, која и самата вели дека Никола е надвор од теренот како и остатокот од нормалниот свет, целосно „ обична“ личност: „Тој е прекрасен и пред се голем човек“.
За својата сестра Наталија Јокиќ вели дека е жена-змеј, и дека одлично се справува со сите професионални предизвици на нејзиниот сопруг.
Интересно е што Маја пред неколку години го интервјуираше својот зет Никола, а сега се присети на деталите.
„Тоа беше за моите магистерски студии. Завршив на Факултетот за образование, а потоа се запишав на магистерски, па имав одредена тема и најлесно ми беше да направам интервју со некој што го познавам“, истакна таа.
Фото: Инстаграм
Извор: Superzena.b92.net