Логан против Мејведер: Кој ќе победи во мечот?
Ова ќе биде трет меч за Логан. Тој досега боксираше два пати со КСИ и еднаш загуби. Сега не интересира што мислите - кој ќе победи во оваа необична борба?
Пензионираниот и непоразен боксерски шампион Флојд Мејведер на социјалните мрежи потврди дека ќе се бори против јутјуберот Логан Пол во ревијалниот натпревар на 20 февруари, следната година.
Еден од најголемите боксери на сите времиња својата кариера ја заврши со резултат 50 - 0 и освои дури 12 светски титули во пет категории, а по спектаклот кој го организираше во 2017 година со боксерот Конор Мек Грегор, сега повторно ќе влезе во рингот и тоа со познатата Јутјуб ѕвезда.
Пол досега боксираше двапати против неговиот ривал, јутјуберот и рапер КСИ. Првиот меч заврши со нерешен резултат, а во вториот победи КСИ.
Мечот помеѓу Мејведер и Логан може да го следите онлјан, но ќе мора да платите за преносот. Виртуелните влезници за овој меч се продаваат од 25 до 70 долари.
Но, кој ќе слави овој пат? Што мислите?