Логото на сите популарни брендови е од левата страна на облеката: Не е случајност, постојат 4 причини
За ова сигурно никогаш не сте размислувале, а можеби не сте ни забележале...
Некои ситници кои секојдневно ги гледаме всушност никогаш не ги ни забележуваме, но приказната зад нив може да биде интересена. Ист е случајот и тука. Кога ќе ги погледнеш маичките на популарните брендови, ќе видиш дека сите своето лого секогаш го имаат на исто место, на точно одредена страна и тоа не е случајност.
Она што можеби не сте го забележале е дека логото во најголем број случаи, особено кај ексклузивните брендови, се наоѓа на левата страна. Постојат 4 причини зошто логото е на левата страна, а еве кои се тие:
# Тоа е страната на која погледот прво ни оди
Од некоја причина, за која ситуација и да станува збор, истражувањата покажале дека човековиот поглед прво бега на левата страна. Затоа, производителите на облека, логото го ставаат на левата страна, за на луѓето полесно да им падне во око. Други и кога ќе се ракувате со некојго, вашиот поглед бега на левата страна на таа личност.
# Низ историјата, се до денес, на оваа страна секогаш се ставале значките и медалите
Владетелите и лицата кои имаат високи позиции во армијата низ историјата секогаш ги поставувале своите медали и награди од левата страна. Дали уште тогаш се знаело дека луѓето повеќе ја забележуваат левата страна или ова го избрале сосема случајно, не е познато, но оттогаш е започната навиката обележјата на маичиците и другите модни парчиња да се ставаат на левата страна.
# Затоа што пишуваме од лево на десно
Кога пишуваш, секогаш тоа го правиш од лево на десно, дури и кога ќе погледнете веб страница и таму логото и името ќе бидат на левата страна. Ова е уште еден доказ дека погледот и вниманието прво ни оди на левата страна. А, брендовите сакаат логото да им биде запаметено, па затоа го запаметуваат тоа.
# Полесно се памети кога е на левата страна
Едно истражување кое го спроведувале во Nielson, секако довело до заклучот дека поголем број луѓе го забележувале логото на нивната облека кога било од левата страна. Тие, исто така со истражувањето дојдоа до податокот дека друри 89% од брендовите го следи трендот на „лева страна“ и го става логото токму таму.