Локалот на Бака Прасе е запален: Знаете во кого се сомневам, нудам голема парична награда (ФОТО)

Локалот на Бака Прасе е запален: Знаете во кого се сомневам, нудам голема парична награда (ФОТО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Полицијата работи на расветлување на случајот...

Јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе неодамна призна дека добил 45 кривични пријави, а сега тој се пожали на Инстаграм дека е запален локалот кој е во негова сопственост.

Имено, како што наведува Бака, лице непознато за јавноста наводно фрлило молотов коктел во неговиот локал, по што избувнал пожар. За овој инцидент веќе е известена полциијата и работи на расветлување на случајот.

Како што истакна Јутјуберот, се чекаат видеата од надзорните камери за да се потврди кој е сторителот на ова дело, а Бака Прасе се сомнева дека вистинскиот виновник наредил уништување на неговиот локал и дека сторителот е само колатерална штета.

„Синоќа во 2 часот и 29 минути некој фрлил цигла и молотов коктер и предизвика пожар во локал на Тошин бунар“ - напиша тој и додаде:

„Веројатно знаете на кого се соменвам, но уште ништо не е сигурно, 99 проценти клошарот кој е платен да го предизвика пожарот ќе биде пронајден, па ќе дознаеме кој го испратил. По овој пат нудам голема парична награда за информација, како и за откривање на идентитетот на дотичниот. Не ме интересира сторителот, туку кој стои зад делото.“

Илиќ потоа наведе дека чека дозвола од полциијата за јавно да објави видео од надзорните камери.

„Чекам видеа од камерите и дозвола од полицијата за јавно да ги објавам сите детали“.

фото: Принтскрин / Инстаграм / Јутјуб

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: