Лоши бројки од Германија, го срушија рекордот во бројот на новозаболени: Над 11.000 нови случаи за еден ден

Лоши бројки од Германија, го срушија рекордот во бројот на новозаболени: Над 11.000 нови случаи за еден ден

Објавена во: Живот // Живот

Починале дури 30 личности...

Во Германија денес е забележан рекорден број на новозаразени од коронавирус, а тој број за првпат од почетокот на епидемијата надмина 10.000.

Како што соопшти Институтот за заразни болести Роберт Кох, во последните 24 часа потврдени се 11.287 нови случаи, а починале 30 личности.

Вкупниот број на заразени пораснал на 392.049, а поминале вкупно 9.905 личности, пренесува Ројтерс.

Иако стапката на заразувања во Германија е пониска отколку во поголемиот дел од Европа, бројот на новозаразени почна забрзано да расте со доаѓањето на ниските температури, а научниците најавуваат поостри мерки доколку тој тренд продолжи.

Министерот за здравство Јенс Шпан вчера соопшти дека е позитивен на коронавирус, пренесува Танјуг.

фото: Танјуг

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: