Ловец на глувци, фенерџија, крадец на лешеви: Професии кои повеќе не постојат!
Размислуваш што би бил во иднина и која професија би била најдобра за тебе? Во минатото тинејџерите имале поголем проблем од твојот. Тие морале да се изборат со многу чудни професии кои за среќа денес веќе не постојат. Во продолжение листата на неколку најбиризарни професии од минатото...
1. Поставувач на кегли – оваа професија ја работеле тинејџери во кугланите каде биле многу ниско платени.
2. Будилници – будилниците, како што се нарекувале одамна биле живи аларми, а работата им била како што кажува самата професија, да ги буди своите клиенти. Тие обично тропале на вратите и прозорите.
3. Сечач на мраз – работата била едноставна, кога езерото ќе се заледи, со големи пили сечеле мраз на парчиња и ги предавале на доставувачите за мраз.
4. Радар пред радарот – благодарејќи на оваа направа војникот можел да слушне кога непријателско летало се приближувало и со тоа што тој ќе ги предупреди своите соборци.
5. Ловец на глувци – имале задача да ловат глувци така што нивниот број би го држеле под контрола и така спречувале разни болести. Работата воопшто не им била лесна, а најмногу поради каснувања што се случувале често.
6. Фенерџија – пред да се појави струјата, фенерите на улица биле палени рачно, а тоа било работа на фенерџиите.
7. Доставувач на млеко – во времето кога не постоеле фрижидери како денес, свежо ладно млеко било доставувано на луѓето на врата.
8. Оператор во централа – пред современата технологија сите повикувања на телефон биле управувани од оператори во централа.
9. Крадци на лешеви – во 19-от век медицинските факултети немале на располагање тела за изучување на анатомија како што е случајот денес, па така морале да се снаоѓаат. Крадците земале лешеви од гробови.
10. Фабрички лектор – работата на лекторот во фабрика била да седи цел ден со работниците и да им чита, за да ги забавува.