ЛУДИ ПО СМУДИ!

ЛУДИ ПО СМУДИ!

Објавена во: Совети // Вежбаме

Ореви и лешници наместо чипс, суво овошје наместо чоколадо, брокула наместо хамбургер... И тука веројатно ќе престанеш да читаш бидејќи сигурно ти е преку глава од совети за здрава и избалансирана исхрана... Но, сепак има нешто што е здраво и на што нема да можеш да му одолееш, а сите по него се луди - СМУДИ.

Оваа овошна мешавина освен што периодов е многу фенси и се пие на сите забави бидејќи визуелно изгледа одлично е и многу корисна. Смудито е витаминска бомба и одличен енергетски пијалак. Токму затоа ти даваме предлог од три лесни рецепти што може да ги подготвиш дома и да го воодушевиш друштвото.

Розово смуди

Потребни ти се 100 г. сечкани јагоди или малини, 1 излупена исечкана банана, 150 мл млеко и блендер. Блендирај, промешај и декорирај со парчиња јагоди и големи цевки.

Зелено смуди

Земи 3 излупени и исечкани киви, половина зелена диња, излупена и исечкана, 150 мл газирана вода. Овошјето го блендираш додека не добиеш кашеста смеса. Додади газирана вода и декорирај ја чашата со шарени цевки и чадорчиња.

Шарено смуди

Потребни ти се 100 г сечкани јагоди, 2 излупени исечкани киви, 1 излупена и исечкана банана и неколку гоџи бобинки. Секое овошје изблендирај го одделно, со тоа што гоџи бобинките ќе ги изблендираш заедно со бананата. Избери убава висока чаша и изблендираните овошја додавај ги едно по едно .

Објавена во: Совети // Вежбаме

Можеби ќе ве интересира: