Луѓето ја исмејуваат српската инфлуенсерка: Претерала со Фотошопот и тоа е преочигледно

Луѓето ја исмејуваат српската инфлуенсерка: Претерала со Фотошопот и тоа е преочигледно

Објавена во: Мода // Moj стил

Сите се шегуваат!

Обично главните ѕвезди за вакви пропусти се членовите на семејството Кардашијан, но сега мета на критики е познатата српска инфлуенсерка Зоранах. Една од последните фотографии кои таа ги објави им западна на сите за око, бидејќи тука нешто не е како што треба.

Најпрво во коментари ја прозваа обожавателите, а потоа и бројните регионални медиуми почнаа да пишуваат за тоа. Зоранах е една од главните регионални теми, поточно, нејзината нога. Пред два дена таа објави фотографии од автомобил на кои изгледа апсолутно прекрасно, но она што на сите им го одвлече вниманието е нејзината нога која на фотографијата не изгледа нормално. Многу коментари под објавите се во стилот „Сѐ е супер, но што е со ногата“.

Јасно е дека ногата која ја има префрлено не изгледа нормално, бдиејќи листот ѝ изгледа прешироко со оглед на остатокот од ногата, а се гледа и дека раката ѝ е премногу растегната. И додека сите се уверени дека претерала со Фотошопот, една девојка се јави со друга теорија и истакнува дека вината е во начинот на кој се фотографирала, бидејќи е во мал простор, а начинот на кој се поставени опциите на камерата го направиле тоа. Меѓутоа, обожавателите велат дека таа хит со обработката на фотографиите, што само говори дека ова не ѝ е првпат нешто на нејзините фотографии да не е во ред.



Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: