Луѓето открија дека кралицата покрај Хари и Вилијам има уште еден внук: Овој е навистина згоден

Луѓето открија дека кралицата покрај Хари и Вилијам има уште еден внук: Овој е навистина згоден

Објавена во: Совети // Семејство

По принцовите Вилијам и Хари, уште еден член на британското кралско семејство се приклучи на армијата. Артур, внукот на кралицата е син на нејзината сестра Сара и сега ќе станува маринец, но луѓето ја коментираат само неговата убавина.

Артур Чато е студент и работи како модел и личен тренер. Затоа не е изненадувачки што британскиот печат веќе го прогласи за најзгоден благородник во земјата. Тој веќе некое време се подготвува да им се придружи на маринците, па откри дека затоа секојдневно поминува по 30 километри и се држи до ригорозниот тренинг.

Според британскиот печат, кралицата е крајно горда на неговата одлука и го поддржува во целта да носи униформа. Тој ќе биде првиот член на кралското семејство што ќе стане маринец, под услов да ја заврши 32-неделната обука.

„Тој ѝ кажа на кралицата дека е примен на курсот и таа беше воодушевена од тоа. Артур беше прифатен со останатите кандидати и започна со напорните тренинзи и сака да го постигне она што неговите роднини не го направија“ - изјави извор близок до семејството за британските медиуми.

Артур (22) е син на единствена ќерка Сара на сестрата на кралицата, Маргарет. Студирал географија на престижниот факултет во Единбург, а претходно се школувал во Итон, како Хари и Вилијам. Во исто време, тој е лиценциран фитнес тренер.

Тој се најде во центарот на вниманието на јавноста кога учествуваше на познатиот предизвик „Row“ минатата година, трка која е долга 2.000 милји и во која натпреварувачите се натпреваруваат во веслање низ цела Англија, низ канали, дел од морето, а крајната цел е во Лондон, на Темза. Тогаш Артур покажа дека е во добра форма, како и колку добро изгледа.

До неодамна, имаше профил на Инстаграм каде објавуваше бројни фотографии од тренинзите, но момчето кое е 29-ти во редот за наследство на британската круна, одлучи да ги избрише сите фотографии. Наводно, тој се забавува со колешка од факултет, иако тие беа фотографирани само неколку пати заедно.

фото: Profimedia

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: