Луѓето се потсмеваат со новата куќа на Кајли Џенер: Велат дека изгледа како да ја градел почетник на „Симс“ (ФОТО)
Сите очекуваме познатите ѕвезди да имаат куќи кои изгледаат како од најубавите соништа...
Кајли Џенер си изгради нова куќа, веднаш до куќата на својата мајка, со цел да бидат соседи. Никогаш не зборуваше за градењето на куќата и тоа го правеше во тишина, а пред неколку месеци нејзиниот нов дом беше завршен. Сега излегоа фотографии во јавноста и никој не е импресиониран.
Секако, во таа куќа нема да живееме ниту ние ниту сите оние луѓе кои ја коментираат, туку Кајли. Ако ѝ се допаѓа на неа, тоа е доволно. Куќата е секако голема и луксузна, има и базен, како што е и очекувано за еден дом на позната личност. Градењето на новиот дом на Кајли започнало во 2019 година, а дури на крајот на минатата година беше завршен! Има пет соби и шест тоалети и е огромен.
Кога размислуваме за луксузни куќи, некако секогаш во глава имаме слика како изгледаат и дека и од внатре и од надвор се многу „фенси“. Новата куќа на Кајли од надвор изгледа како магацин и луѓето не престануваат да се потсмеваат со неа. Коментарите се брутални! Некои велат дека изгледа како да ја правела личност која е почетник на видеоиграта „Симс“, други дека изгледа како магацин, а трети дека нема душа. Папарацо фотографиите направени од птичја перспектива кружа на социјалните мрежи.
За жал, како изгледа внатре засега не знаеме, а тоа е сепак поважно. Како што може да се види од фотографиите, всушност сите куќи на тоа подрачје однадвор изгледаат идентично. Ниту една не е попосебна. Ниту куќата на Крис, ниту на Ким, а ни на останатите луѓе на тоа подрачје. Најверојатно Кајли немала многу слобода околу тоа како ќе ѝ изгледа домот, туку најверојатно тоа било однапред одредено. Иако сигурно не е нејзина вина што куќата изгледа толку обично и како магацин, сепак е забавно да се читаат коментарите и сите споредби на кои луѓето се сетија.
фото: Принтскрин / Инстаграм