Луѓето се воодушевени од колекцијата со долна облека на Ријана, но едно парче ги збуни сите

Луѓето се воодушевени од колекцијата со долна облека на Ријана, но едно парче ги збуни сите

Објавена во: Мода // Moj стил

Како е можно некој да помислил дека вакво парче е добра идеја?

Немозможно е досега да не си слушнала за брендот со долна облека и пижами на Ријана, наречен Savage x Fenty. Ријана редовно на својот Инстаграм профил ги рекламира новите парчиња кои ги има, а позираше и во едно од новата колекација, кое на никој не му е јасно.

Долната облека од колекцијата на Ријана е секогаш посебна, изгледа „вау“ и е малку ризична, бидејќи е навистина многу заводлива. Оној кој бара вакви парчиња, секогаш знае каде ги најде. Сега „Savage x Fenty“ лансираше нова, божиќна колекција, а помеѓу останатото, тука се и карираните пижами кои навистина потсетуваат на Божиќ. Она што ги збуни сите се долните делови од пижамите кои на прв поглед изгледаат нормално, но потоа кога ќе ги погледнете одзади - имаат отвор на задникот. И не е мал.

Иако ова би требало да биде секси, луѓето не го гледаат тоа така и ова парче навистина ги збуни, пишува „Metro“. На никој не му е јасно зошто отворот е толку голем, бидејќи го открива скоро цел задник. Иако Ријана, која и самата го облече ова парче за едно од неодамнешните сториња, изгледа одлично во него, како и во сѐ во друго, луѓето не се баш сигурни дека ова е добра идеја. Едноставно изгледа чудно. И не е баш секси.

Има и такви на кои им се допаѓа, но поголемиот дел само добро се забавуваат коментирајќи го ова парче облека. Не помага ниту цената која е околу 3.000 денари, што и не е толку мала за само еден дел од пижамите.

Многу луѓе се согласуваат дека Ријана не погрешила никогаш досега, но и дека ова е нејзината прва грешка.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: