Луѓето се згрозени: 8-годишната Ејми и питонот Шер се најдобри пријатели

Луѓето се згрозени: 8-годишната Ејми и питонот Шер се најдобри пријатели

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Запознајте го 8-годишното девојче кое е најдобра другарка со питон од скоро пет метри - дури и чајанки прават заедно

За голем број од нас, само погледот на питонот би бил доволен за да се уплашиме, но едно слатко 8-годишно девојче му покажува на светот дека не треба да се плаши од змии.

Ејми, од Сари во Англија, секојдневно си игра со змијата Шер, уште од својата 2-годишна возраст.

Во тоа време, нејзиниот несекојдневен миленик бил малечок и Ејми можела да го носи околу вратот.

Таткото на Ејми, Ед Таока, Шер ја запознал со ќерка си кога таа имала само две години, а питонот тогаш бил многу мал.

„Израснаа заедно. Ејми тогаш можеше да ја држи во раце, а сега Шер е толку голема што може да ја крена Ејми“ - кажа Ед за „The Dodo“ и понатаму објасни како течел периодот на навикнување на сите на новите околности:

„Прво морав да бидам сигурен дека Шер е подготвена да биде опкружена со луѓе. Поминував часови со неа за да ја навикнам на човечкиот допир. ОД друга страна, морав да бидам уверен дека Ејми знае како да се однесува кон змиите и дека мора да биде нежна. Кога се уверив дека и двете се подготвени, им дозволив да се дружат. Но, никогаш без мојот надзор. Ејми сè уште не смее да ја храни, барем додека не наполни 16 години.“

Тие две сакаат да си играат заедно, но уживаат и во опуштањето. Таока вели:

„Шер сака да се опушта покрај мојата ќерка. Сами ќе дојде на креветот и ќе одмара на Ејми.“


Иако неколку ова пријателство за многумина може да изгледа чудно, Таока е среќен што неговата ќерка ја почувствувала љубезна и нежна страна на видот на кој често се гледа со презир и од кој многу луѓе се плашат.

На прашањето дали смета дека змијата би можела да претставува потенцијална закана за неговото дете, Ед кажа:

„Змијата би можела да ѝ го сопре дишењето, доколку ја затегне околу вратот. Но, мислам дека не би можела да ја изеде мојата ќерка со оглед на тоа што Ејми сега порасна.“

Ед на својот Инстаграм профил објавува бројни видеа од Ејми и Шер и додека ова необично пријателство на некои им е преслатко, други не се толку воодушевени.

„Ги почитувам змиите, но тоа не се домашни миленици“, „Змијата треба да биде во дивината“, „Само се надевам дека таа змија е секогаш сита“ - се само некои од коментарите, а таткото на Ејми трпеливо одговара на поголемиот број коментари и прашања, обидувајќи се да ги запознаа луѓето што е можно подобро со питоните како домашни миленици.


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: