Луѓето се згрозени од Инстаграм профилот на 10-годишно девојче, а нејзината мајка вели дека се љубоморни: На 15 години поради ова ќе може да се пензионира

Луѓето се згрозени од Инстаграм профилот на 10-годишно девојче, а нејзината мајка вели дека се љубоморни: На 15 години поради ова ќе може да се пензионира

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Сите ме осудуваат и ни се смеат затоа што ќерка ми изгледа вака, а не се свесни дека наскоро ќе може да се пензионира - на само 15 години!

Долги акрилни нокти, дизајнерска облека, чевли со вртоглави потпетици - сето ова изгледа некомпатибилно на 10-годишно девојче, но мајката Рокси Јаценко од Австралија вели дека е сосема во ред и дека и помага на ќерка си да дојде побрзо до пензија.


Рокси има две деца, а ќерката Пикси (10) со помош на мајка си отворила своја компанија со која наводно заработила цело богатство. Пикси веќе има сопствен возен парк вреден 193.000 фунти, а нејзината мајка Рокси вели дека „приоритет и е безбедноста на децата“, па решила да инвестира во скап возен парк.

Првите чевли со високи потпетици Пикси ги носела на 10 години, а редовно купува дизајнерска облека. Фотографиите со долги нокти на раката на 10-годишно девојче изгледаат апсурдно, но Рокси инсистира дека се е во ред.


- Ова не е во ред, таквите нокти ужасно изгледаат на рацете на вакво мало девојче – коментираат следбениците.

Рокси, пак, вели дека сите се љубоморни бидејќи Пикси ќе може да си дозволи да се пензионира на 15 години.

- Наша дејност е производство на играчки, но и додатоци за коса. Заработуваме многу пари и ако продолжиме вака, Пикси ќе може да се пензионира на 15 години. Воодушевена сум од нејзиниот претприемачки дух на толку млада возраст. Никогаш не сум била таква. Точно, почнав да работам на 14 години, почнав во синџир за брза храна, но тогаш сите работевме млади, не беше ништо чудно. Сепак, никогаш не сум го имала тој претприемачки дух и мило ми е што таа го има – вели Рокси.





Фото: Инстаграм


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: