Лука Модриќ - златната амајлија на „коцкестите“
Кога бил дете постојано го задевале, дека не знае да игра фудбал и дека е пренизок за оваа игра. На почетокот на кариерата наидувал на низа непријатни коментари. Еднаш дури бил изгласан и за најлошиот избор на Реал, а денес е избран за најдобриот фудбалер за 2018 година. Летово „малиот“ Лука ја покажа својата фудбалска големина и Хрватската репрезентација на Светското првенство во Русија ја одведе во финале.
Еве неколку работи што можеби не сте ги знаеле за хрватскиот волшебник.
# Роден е во селото Модричи, северна Далмација, каде и за прв пат заиграл фудбал и тогаш како што открива за едно интервју не ни знаел дека ќе стане една од најголемите фудбалски ѕвезди.
# Најлошите спомени што го врзуваат за детството е Граѓанаската војна во 1991 г. во кој ги губи неговите баба и дедо.
# Кога имал десет години и се обудувал да заигра на големите терени бил отпишан од голем број тренери кои мислеле дека е многу слаб и срамежлив за да успее.
# Омилен тренер ми е Карло Анчелоти. Во текот на неговата кариреа имал неколку различни тренери, но во едно интервју за Би-би-си откри дека на него најмногу влијаел токму Карло Анчелоти.
# Најголеми љубови во неговиот живот му се семејството и фудбалот.
# Иако денес се вбројува во низата на најдобро платени фудбалери тој никогаш не ги заборава своите почетоци и борбата со сиромаштијата.
# Лука е во брак со Загрепчанката Вања и има две деца Иван и Ема.
# Еден од најдобрите другари му е фудбалерот Ведран Ќорлука, кој му е исто така и кум.
# Од дете омилен фудбалер ми е бразилецот Роналдо Луис Назарио да Лима. Признава дека како мал имал копачки со негова фотографија од кои не сакал да се раздвои.
# Во мементов тој и Кристијано Роналдо се главни играчи на Реал Мадрид.