Луксуз и панорамски поглед: Бака Прасе го покажа својот нов стан вреден милион евра (ВИДЕО)

Луксуз и панорамски поглед: Бака Прасе го покажа својот нов стан вреден милион евра (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Популарниот јутјубер мораше да се пофали...

Станот е како мала вила! Огромен е, убав, нов и елегантно уреден. Никогаш не би очекувале дека вака би изгледал станот на Бака Прасе. Тој ги отвори вратите и покажа сѐ!

На Бака Прасе очигледно му оди многу добро, бидејќи само што се пресели во нов, супер луксузен стан, на кој како што вели, цената е милион евра. Станот изгледа фенси и на прв поглед никој не би помислил дека тоа е станот на јутјуберот. Станот е всушност пентхаус на луксузна зграда во еден од најскапите делови на Белград, наречен „Белград на вода“. Неговиот стан има поглед кон реката и има прилично добар поглед. Во зградата има сѐ и сешто, вклучувајќи двор, базен и теретана, а Бака е воодушевен од безбедноста. Со оглед на тоа што е јавна личност, сигурноста и приватноста му се многу важни. Има огромна дневна соба, дури две тераси и три бањи, како и три спални соби.

За да го уреди целиот стан по свој вкус, за внатрешна декорација потрошил 700.000 евра! Сè изгледа модерно и е во неутрални нијанси. Една од работите која особено ги воодушеви сите е панорамскиот поглед, кој е особено убав кога ќе се стемни.

Во видеото во продолжение, погледнете како изгледа новиот дом на јутјуберот:


фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: