Луксуз за каков што може да сонуваме: Топ 10 најскапи фустнаи кои познатите некогаш ги носеле
Цените на нивните фустнаи не се под 100.000 долари!
Причината зошто сите овие фустани се толку скапи е секако фактот дека тие се дизајнерски фустани, а цената ја поткрепува и фактот што се направени точно според мерењата на овие жени, и тоа само за нив. Повеќето од овие фустани не постојат во неколку парчиња - само едно.
За нас цените звучат лудо, но за познатите се ситница. И само за да заблескаат на црвениот килим. Затоа се прават договори со најпознатите светски дизајнери кои создаваат уметнички дела само за оваа посебна пригода. Она што е уште подобро е што познатите всушност не ги плаќаат овие фустани, туку им се плаќа на нив за да ги носат. Но, кога ќе погледнете колку чинат, а некои дури и се продавале на аукции со години подоцна за бројки од кои што може само да ни се заврти во главата. Листата на 10 - те најскапи фустани што се некогаш носени изгледа вака:
# Кејт Винслет - 100.000 долари
Во 2007 година Кејт беше номинирана за „Academy Awards“ за најдобра улога во филмот „Little Children“. За таа прилика носеше едноставен фустан од Валентино. А иако истиот делува едноставно, цената на истиот е вртоглави 100.000 долари и така се вброи како најевтин фустан на оваа листа.
# Принцезата Дајана - 110.000 долари
Припадниците на кралското семејство имаат пристап до облека која е убава и елегантна, а токму таков е и овој фустан кој го носеше принцезата Дајана во 1987 година на Канскиот филмски фестивал. Пред 10 - тина година, токму овој фустан беше продаден на аукција за цена од 110.000 долари.
# Шарлот Рамплинг - 125.000 долари
Тука се вбројува и една повозрасна актерка за која веројатно немаш слушнато, но и таа е сопственичка на еден од најскапите фустани, кој го носеше пред само неколку години. Станува збор за фустанот Armani Prive, а посебната прилика за која го носеше беа „Academy Awards 2016“.
# Лупита Нионго - 150.000 долари
На Оскарите во 2015 година, Лупита беше една од главните ѕвезди на црвениот килим со долгиот бисерен Calvin Klein фустан. Бисерите што беа на фустанот секако дека беа вистински и ги имаше 6.000 на број, а за да стојат рачно ги шиеле 25 луѓе и тоа 10 дена.
# Кејт Бланшет - 200.000 долари
Замисли да можеш да отидеш на забавата за матура во фустан прекриен со Swarovski кристали. Би била главна ѕвезда на вечерта. Исто како што беше и актерката во 2007 година кога на црвениот килим се појави во ваков Arman Prive фустан.
# Парис Хилтон - 270.000 долари
Ниту Парис Хилтон не можеше да оддолеа на фустанот прекриен со Swarovski кристали и во потполност ја разбираме. Нејзиниот фустан на себе имаше половина милион сошиени кристали.
# Одри Хепберн - 807.000 долари
Фустанот кој стана легендарен и икона во модниот свет е црниот долг фустан кој во филмот „Breakfast at Tiffany's“ го носеше Одри. Иако овој фустан не беше прошетан на црвениот килим, мораше да се најде на оваа листа. Истиот е дизајн на Givenchy, а оваа висока цена од 807.000 долари некој ја плати на аукција. Оргиналната цена на фустанот е 6 пати помала, но со оглед на тоа кој го имаше носено, веднаш стана повреден.
# Никол Кидман - 2 милиони долари
Некогаш не ни е јасно како некои фустани чинат толку многу, а ова е една од нив. Никол Кидман на Оскарите во 1997 година го носеше овој фустан ан John Galliano.
# Џенифер Лоренс - 4 милиони долари
Џенифер во овој фустан изгледаше како принцеза од бајка во 2013 година на доделувањето на „Academy Awards“. Сите беа воодушевени со нејзиниот изглед, а подоцна се дозна дека цената на фустанот била 4 милиони долари.
# Мерлин Монро - 4,6 милиони долари
И најскапиот фустан во историјата е фустанот кој го носеше Мерлин Монро, уште на снимањето на филмот „The Seven Year Itch“. Овој фустан во 2011 година беше продаден за 4,6 милиони долари, на личност која не сакаше да го открие својот идентитет. И така стана најскапиот фустан кој некогаш го носела некоја позната личност.
Извор: teen385.dnevnik.hr