Луна и Марко се селат од Белград: Еве каде ќе живеат со бебето
Луна Џогани и Марко Миљковиќ планираат да се иселат од нејзиниот стан во една белградска населба, откако дознаа дека ќе добијат дете.
„Откако започнаа да се забавуваат, Луна не криеше дека сака да оформи семејство со Марко. Поминаа низ разни предизвици и турбулентни фази во својата врска, а еднаш дури и раскинаа. Најголемиот тест за нивната љубов беше „Задруга 3“ во која престојуваа со родителите на Луна, Гаги Џогани и Анабела Атијан, а фактот дека од реалното шоу, по сите кавги, излегоа посилни од било кога, беше показател дека се подготвени за нова фаза во животот“ - раскажува изворот и додава дека Луна и марко веднаш почнале да ја планираат иднината на своето семејство.
„По веридбата Луна многу сакаше да остане бремена, што набрзо се случи. Двајцата се многу среќни што наскоро ќе станат родители, па на време почнаа да размислуваат за иднинатана своето семејство. Бидејќи станот на Луна во кој живеат е мал за тројца, сфатија дека наскоро ќе мора да се преселат“ - зборува изворот и објаснува дека тие двајца планираат да купат плац на кој ќе изградат куќа за своето семејство.
„Имаат желба да направат голем дом во кој ќе растат нивните деца, а бидејќи изградбата на куќата чини многу, имаат во план да го продадат станот на Луна. Од тие пари ќе купат плац надвор од Белград и ќе започнат да градат куќа. Двајцата се сложија дека тоа е најдобро решение, а сега треба ги соопштат вестите на своите родители. Единствено се плашат од реакцијата на Анабела, особено што таа во повеќе наврати истакна дека ќе направи се да ја спречи Луна во таа намера. Анабела од парите на ќерка ѝ го купи тој стан, додека Луна беше во „Задруга“ и не сака да пропадне“ - вели изворот за „Ало.рс“.