Мачор излекуван од коронавирус: И покрај слабите шанси го победил по 93 дена

Мачор излекуван од коронавирус: И покрај слабите шанси го победил по 93 дена

Објавена во: Совети // Семејство

Мачорот Блиц не се предавал...

Мачорот по име Блиц успешно е излечен од смртоносната пболест, заразен перитонитис (IPC), кој предизвикува вирус од семејството на коронавирус и кој прави проблеми на белите дробови, црниот дроб, бурбрезите и другите органи.

Блиц со своите две сестри бил пронајден на улица, кога имале само еден месец.

Биле префрлени во прифатилиште за животни, но за жал една од неговите сестри починала од заразниот перитонитис.

Набрзо потоа, Блиц го вдомила Јекатерина Каменкова, не претпоставувајќи дека и нејзиниот миленик наскоро ќе заболи.

Таа за Ruptly објаснила дека коронавирусот кај мачките е добро позната болест.

„Мачкиниот коронавирус во принцип е безопасен за мачките. Проблем прави мутацијата со коронавирусот, кој се претвора во заразен перитонитис, а токму тоа му се случи на Блиц.“

Само околу 2 отсто од мачките го преживуваат заразниот перитонитис.

„Блиц имаше слаб апетит, му се промени структурата на телото, му се гледаше 'рбетот и карличните коски. Имаше висока температура, околу 40 степени, која само лекарства би можеле да ја симнат“.

Лекувањето траело 93 дена. За тоа време, на мачорот му биле вбризгани 42 шишенца со лекови. Покрај тоа, тој примај и терапија за зајакнување на целиот организам.

Вкупниот износ на терапијата бил околу 2.700 евра.

Каменкова истакнала дека немале доволно пари за лекови, и дека средствата ги собирале преку интернет.

Според нејзините зборови, Блиц преживеал благодарение на внимателните луѓе и нивните донации.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: