Мачор кришум влегол во машината за перење алишта: Се вртел половина час, еве во каква ситуација го нашле

Мачор кришум влегол во машината за перење алишта: Се вртел половина час, еве во каква ситуација го нашле

Објавена во: Совети // Семејство

Не се вели без причина дека мачките имаат девет животи, а мачорот Брош од Украина е вистински доказ за тоа тврдење. Имено, тој поминал полни 30 минути во машина за перење алишта пред сопствениците да го извадат.

Брош често спие во бубањот на машината, а тој ден на ред за перење бил креветот на кучето. Со оглед на тоа што креветот бил во сива боја, како и мачорот, сопственичката не забележала дека мачорот бил внатре и ја вклучила машишаната.

Брош во машината поминал околу половина час, пред сопственикот да ги слушне звучите кои ги испуштал. По инцидентот го однеле на ветеринар, кој утврдил дека нема да има никакви последици.

Ветеринарот установил дкеа е во шок и дека не можел да ги отвори очите поради прашокот, додека од устата му допирал силниот мирис на детергентите за перење. Добил терапија и бил пуштен дома.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: