Мадона и нејзиниот 16-годишен син носат исти облека: Во моите фустани изгледа подобро и од мене (ФОТО)
Бидејќи ретко зборува за своето семејство, со ова изненади многумина...
Кралицата на попот, Мадона, која за само неколку дена ќе наполни 64 години, не престанува да ја шокира јавноста како со своите ставови, испади... така и со деталите од својата приватност. Неодамна, во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, раскажа дека носи исти работи, како и нејзиниот 16-годишен син Дејвид, односно дека тој ги позајмува нејзините фустани и дека во него изгледа многу подобро.
„Тој може да облече што сака и да изгледа кул. Тоа е толку иритантно... Моите работи ги носи и изгледа подобро од мене. Дури и фустаните, а не ја губи машкоста. Неверојатно“ - искоментира Мадона, која инаку и не зборува многу за она што се одвива зад нејзините четири ѕида.
Пејачката често споделува фотки сомомчето кое го посвои и сиропиталиште во Малави.
Да потсетиме, пејачка вкупно има шест деца и секое од нив на свој начин со текот на времето стана „модна икона“.
фото: Принтскрин / Инстаграм