Мадона си позајмила тело: Девојка во видео на ТикТок ја откри измамата која пејачката ја направи во 2015 година
Пред шест години на нејзиниот Инстаграм профил е објавен фотошоп од главата на Мадона на друго тело. Фотката е сè уште таму...
Ако на Инстаграм профилот на Мадона одите до 2015 година, ќе видите нешто малку чудно. Тоа е нејзината глава на туѓо тело.
Одамна, кога Мадона го промовираше својот албум „Rebel Heart“ и маичка од „Joi Division“, ја замени со Пинк Флојд. Кога ја означиле уметничката Амелија Голди на оваа објава таа остнаала во шок. Станува збор за фотка од Инстаграм профилот на Мадона, со натпис „Изгледам кул“, но очигледно, не беше Мадона таа која изгледаше кул, туку тоа беше Голди, со главата на Мадона набрзина фотошопирана на телото.
„Се насмеав и помислив дека тоа е шега, а потоа сфатив дека тоа е објавено на нејзиниот официјален профил и не можев да поверувам. Бев во шок“ - рече Голди и додаде: „Им кажав на родителите и тие и понатаму мислеа дека тоа е шега и не можеа да сфатат како и зошто се случило тоа. Смешно е.“
Минатата недела Голди сподели видео на ТикТок за оваа случна, користијќи го популарниот звук „Oh NO“, кој луѓето го користат за ТикТок видеа во кои опишуваат чудни, надреални и несреќни појави. Обично луѓето го користат овој звук за кучиња кои имаат проблем со зимањето на грицки или луѓето се наоѓаат во незгодна ситуација.
Видеото на Голди едноставно експлодираше, затоа што ова е навистина апсурдна ситуација. Во продолжение може да го погледнете истото:
@ameliamgoldie Reply to @choleenmenciano it’s still there... ##madonna ##ohno
Oh No - Kreepa