Мај е, а веќе започнаа најавите за божиќните филмови: Еден е особено интересен
Најавено е и враќањето на една од омилените актерки на тинејџерите!
Иако летото сѐ уште не е започнато, Нетфликс не губи време. Имено, објавија најави за првиот божиќен филм, а со тоа и уште едно предобро изненадување - Линдзи Лохан се враќа на филмското платно.
Линдзи Лохан домираше во омилените тинејџерски филмови уште од раните 2000 - ти, но последните години се повлече. Ја паметиме по многу тинејџерски филмови. Сега актерката и официјално се врати во игра, бидејќи Нетфликс најави дека ќе глуми во новиот божиќен филм.
Lindsay Lohan will star in a new romantic comedy about a newly engaged and spoiled hotel heiress who finds herself in the care of a handsome, blue-collar lodge owner and his precocious daughter after getting total amnesia in a skiing accident pic.twitter.com/umpCpCzW4w
— Netflix (@netflix) May 24, 2021
Во понеделникот на социјалните мрежи на Нетфликс беше објавен дека Линдзи ќе глуми во новата божиќна комедија како неодамна свршена и разгалена наследничка на хотел, која се грижеше за богат човек и неговата ќерка, откако добија амнезија поради несреќа за време на скијање.
Уште не знаеме многу за овој филм, но по самата најава изгледа дека на овогодинешната листа на божиќни филмови ќе се најде на првото место.
фото: Imdb / Screenshot