Маја Оџаклиевска се повлекува од сцената, но еден хит во кој сама го напиша текстот- останува за секогаш

Маја Оџаклиевска се повлекува од сцената, но еден хит во кој сама го напиша текстот- останува за секогаш

Објавена во: Живот // Живот

По нејзината изјава дека се повлеква од сцената, музичката дива со неповторлив глас, Маја Оџаклиевска ќе остане запишана во македонската и југословенската музичка историја како еден од најдобрите вокали, можеби на сите времиња.

Испеа многу хитови, но овој има таква моќ, што поместува планини.

Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Особено интересни се приказните кога хитовите првично им биле понудени на други изведувачи, но од различни причини не ги прифатиле. 

„Не ме допирај“ (Маја Оџаклиевска)

Григор Копров е автор на многу македонски хитови, а меѓу нив и рефренот „Не ме допирај“ со кој Маја Оџаклиевска во 1995 година победи на „Скопски фестивал“.

– Маја напиша феноменален текст. Тогаш беше во посебна емотивна фаза. Таа песна е премногу лична, нејзино искрено доживување и случување од љубовниот живот–откри Копров во една прилика.

На „Златна бубамара на популарноста“ Маја Оџаклиевска ја доби наградата за трајни музички вредности .

Аранжманот е дело на Живојин Глишиќ.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: