Мајчинска љубов: Видео кое дефинитивно ќе ве расплаче

Мајчинска љубов: Видео кое дефинитивно ќе ве расплаче

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Додека ние кои што сме привилегирани, мечтаеме за облека, летувања, најнови модели на мобилни телефони и автомобили, забораваме дека во многу делови од планетата постојат луѓе кои копнеат за наелементарните потреби на човекот, како што е мајчинската љубов.

Момче од Ирак кој останало без мајка и кое завршило во сиропиталиште, со креда во училишниот двор ја нацртало својата мајка и легнало на нејзините гради. Она што е неверојатно е тоа што тој ги соблекол своите сандали за да не ја исвалка сликата на мајка му.

На основа на оваа приказна, снимен е краткометражен филм „Креда“, кој ги повикува луѓето да ги посвојуваат напуштените деца.


Суровиот капиталистички систем во кој живееме, потполно ни го зема чувството на емпатија и солидарност со луѓето кои страдаат, особено децата во подрачјата кои се зафатени со војна, сиромаштија и болести.


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: