Мајка феномен: Една ќерка родила во вторник, другата во среда

Мајка феномен: Една ќерка родила во вторник, другата во среда

Објавена во: Совети // Семејство

Нејзината бременост е феномен, кој се смета за еден во милион. Кесли Хачер (32) раѓала 20 часа. Таа роди една ќерка во вторникот, а друга во средата, според Универзитетската болница во Бирмингем, Алабама. Оваа Американка има две матки.

Кога имала 17 години, ѝ била дијагностицирана двојна матка (uterus didelphus), ретка вродена аномалија која погодува 0,3 отсто од жените. Шансите да забремени во двете утроби биле уште помали, „еден во милион“, велат лекарите од Универзитетот во Алабама.


Мајката и бебињата сега се дома и со радост ги поминуваат празниците. Ова не е единствениот регистриран случај на жена со две матки.

Кесли Хачер имала три претходни, здрави бремености. Овој пат таа веруваше дека е бремена само во едната утроба, додека рутинскиот ултразвук не откри дека бебето е во другата утроба. На Универзитетот, нејзината бременост беше опишана како рутина.

Професорот Ричард Дејвис, кој го водеше породувањето со тимот, рече дека секое бебе ужива „дополнителен простор за растење и развој“. Тоа е затоа што секое бебе има своја матка, рече тој - за разлика од типичната бременост со близнаци.

Породувањето на г-ѓа Хачер било предизвикано во 39-та недела и барало двојно повеќе мониторинг и снимање во болницата, како и двојно повеќе персонал.

Нејзиниот акушер рекол дека вработените „навивале и се радувале“ кога првото бебе се родило вагинално околу 19:45 часот по локално време на 19 декември. Второто следеше со царски рез повеќе од 10 часа подоцна, околу 06:10 следното утро.

Професорот Дејвис рече дека девојчињата може да се наречат двојајчани близначки - термин што се користи кога секое бебе се развива од посебна јајце клетка, секоја оплодена со посебна сперма.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: