Мајка го сподели утринскиот план кој го направила нејзината ќерка: Кога ќе го видиш ќе сфатиш зошто е хит

Мајка го сподели утринскиот план кој го направила нејзината ќерка: Кога ќе го видиш ќе сфатиш зошто е хит

Објавена во: Совети // Семејство

Сите ние понекогаш сме како ова девојче...

Има денови кога сме толку возбудени што решаваме да направиме список на задачи што треба да ги завршиме во текот на денот или следното утро. Планот кој го направи ова 9 - годишно девојче стана хит во целиот регион. Кога ќе го видиш, ќе ти стане јасно и зошто.

Ова е најдобриот план за утринска рутина кој некогаш ќе го видиш. Мајката го освои целиот регион откако на Твитер ја сподели фотографијата од утринскиот план, кој го направила нејзината 9 - годишна ќерка. Сите го споделуваат, бидејќи е навистина генијален. Девојчето си задало неколку работи кои треба да ги „заврши“ следното утро, но била многу реално при изборот на задачи. Прво на листата е дека треба да станете, што има навистина смисла, но потоа доаѓа најдобриот дел. Откако ќе станете, следно нешто на списокот е сепак уште малку да полежи, па дури потоа да стане. А, потоа следува уште малку лежење, меѓутоа овој пат во дневната.

Сите би биле насреќни да ни изгледа вака утринскат арутика. Мајката дури ѝ напишала порака на списокот, дека таа ќе ја среди собата, бидејќи гледа дека е зафатена со лежење.

Посимпатичен план од овој, сигурно нема да пронајдеш.



Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: