Мајка ѝ ја држеше во заробеништво 24 години затоа што одби да се омажи богато – од убавица еве што создаде

Мајка ѝ ја држеше во заробеништво 24 години затоа што одби да се омажи богато – од убавица еве што создаде

Објавена во: Совети // Семејство

Откако богатата и респектабилна Бланш Мониер се вљуби во „обичен“ маж, нејзината мајка го направи незамисливото со цел да ја запре нивната љубов. Еден ден во мај 1901 година, јавниот обвинител на Париз добил чудно писмо во кое пишувало дека видно семејство во градот чува валкана тајна. Било напишано ракописно и не потпишано, но тој се заинтересирал што решил да го испита случајот.

Кога полицијата пристигнала на имотот Мониер, веројатно се сомневале затоа што богатото семејство имало беспрекорна репутација. Мадам Мониер беше позната во високото општество на Париз по својата добротворна работа, дури добила и награди во заедницата за заслуги. Нејзиниот син Марсел се истакнуваше на училиште и работеше како реномиран адвокат.

Мониерите имаа и убава ќерка Бланш, но никој не ја видел во последните 25 години. Познаниците ја опишуваа како многу нежна и добронамерна, но таа едноставно исчезна во цутот на нејзината младост. Семејството продолжило како ништо да не се случило, а луѓето престанаа да обрнуваат внимание, пишува „АТИ“, а пренесува Блиц.

Откритието на Бланш Мониер

По вообичаениот претрес на имотот, полицијата не открила ништо необично, сè додека не забележала чуден мирис од просторијата на таванот. Вратата била затворена, станале сомнителни и ја отвориле вратата кршејќи ја. Тие не биле подготвени за хоророт што ги чекал внатре. Собата била целосно затемнета, единствениот прозорец бил закован зад завесите. Смрдеата им пречела ужасно и го отвориле прозорецот, а кога сонцето влегло во просторијата, го виделе креветот на кој била врзана осакатената жена.

Тоа било првпат Бланш да ја види светлината на сонцето во повеќе од две децении. Била потполно гола и окована за креветот откако „исчезнала“. Таа не можела ниту да стане, покриена со сопствен измет и опкружена со стаорци. Полицајците не можеле да останат во собата повеќе од неколку минути. Веднаш била пренесена во болница, а нејзината мајка и брат биле уапсени. Лекарите рекле дека иако била неухранета, нејзиното здравје било добро, била здрава и рекла колку е прекрасно да се дише свеж воздух повторно. Полека, нејзината тажна приказна започнала да излегува на површина.

Несреќно заљубена

Се покажало дека Бланш пред многу години нашла прилика која ја посакувала, но тој не бил млад богат аристократ како што се надевало нејзиното семејство, туку стар и сиромашен адвокат. Мајката инсистирала да најде посоодветен сопруг, но Бланш одбила. Како одмазда, Мадам Мониер ја заклучила во просторијата за да и се потчини на нејзината волја. Поминале години, а Бланш одбила да се предаде, па дури и кога нејзиниот избраник починал, таа останала заклучена каде што само стаорци и правеле друштво. За 25 години, ниту нејзиниот брат ниту некој од слугите не мрднале со прст да и помогнат. Како што подоцна рекоа, тие премногу се плашеле од Мадам.

Никогаш не беше откриено кој го испратил писмото што го предизвикало нејзиното ослободување. Кружеагласини дека една собарка му раскажала сè на своето момче кое му го предало писмото на обвинителот. Јавниот бес бил толку голем што маса луѓе се собрале пред куќата Мониер, поради што Мадам доживеала срцев удар. Таа почина 15 дена откако Бланш беше ослободена. Сепак, Бланш претрпела трајна психолошка штета поради ропството, па останатите денови живеела во француски санаториум, каде починала во 1913 година. Погледнете во видеото како несреќна изгледала Бланш кога ја нашол инспекторот!




Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: