Мајка и ќерка пристигнале да ја земат родеденската торта: Не ни претпоставувале што ги очекува (ВИДЕО)

Мајка и ќерка пристигнале да ја земат родеденската торта: Не ни претпоставувале што ги очекува (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

Најдобрите подароци се оние кои не ги очекуваме. Мајка и ќерка стигнале во продавницата да ја земат роденденската торта, не ни претпоставувајќи што ги очекува.

Родендените се прекрасни. Секој сака да се сеќава на својот роденден, а еден од начините да бдие посебен се роденденските забави. Мајка од Алвин, Тексас, нешто слично испланирала за роденденот на својата ќерка.

Одлучила да ја изненади ќерката со ненајавена роденденска забава. Веќе нарачала торта во блиската продавница. Била подготвена да ја изненади својата наследничка. Холи Гримет едвај чекала да ја изненади својата ќерка Ева.

Но, кога стигнала во продавницата за да ја земе тортата, таа останала изненадена. Заедно со својата ќерка стигнала таму, но кога сакала да ја плати, вработените ѝ кажале дека не мора. Холи била збунета поради тоа. Вработените ѝ кажале дека некој друг веќе ја платил нејзината торта.

Но, Холи не можела да се сети дека му кажала на некој да ја плати тортата. Знаела дека таа не дала пари за тортата, па ја заинтересирало кој го направил тоа. Ги прашала и вработените, но тие не знаеле која е личноста, ниту пак како се вика.

Холи кажала: „Отидов таму, а таа ми кажа дека не морам да платам, дека веќе е платено. Јас бев зачудена?“

Сѐ што знаеле вработените било дека станува збор за жена, која некогаш била мајка како Холи. Таа знаела дека нејзиното дело ќе ја збуни Холи и нејзината ќерка. За да ја објасни својата намера, ги замолила вработените да ѝ ја дадат на Холи пораката која ја напишала.

Таа порака содржела емотивна порака, која ги отстранила сите сомнежи. Жената во пораката објаснила нешто за својот живот и дете.

Таа била мајка и имала син. Тој таа година ќе наполнел 8 години, но починал. Сакала да направи нешто посебно во негова чест, па така одлучила да плати нечија торта во негово име.

Во пораката пишувало:

„Мојот син денес би наполнил 8 години. Сакав да се сеќавам на него, правејќи добри дела. Се надевам дека ќе уживате во тортата на вашето дете и дека овој ден ќе ви биде посебен. Прегрнете го своето дете уште посилно денес, гледајте го како игра, бидете трпеливи, бакнувајте му ја раката и кажете му колку го сакате. Нашите деца се многу посебни подароци! Се надевам дека ќе имате прекрасен ден. Јас и мојот ангел на небото ви испраќаме многу љубов.“

Писмото навистина многу ја растажило Холи. Почнала да плаче откако ја прочитала пораката. Таа е мајка, така што знае за што пишувала жената. Воедно, тој ден Ева полнела 8 години, поради што пораката добила уште подлабоко значење.

„Ти благодарам Боже, за овој подарок. Што ми го даде моето прекрасно девојче кое го сакаме, додека таа мајка лежи во креветот и сака да може да го направи истото. Многу е тажно кога луѓето ги зимаат работите здраво за готово“ - кажала Холи.

Холи и Ева никогаш нема да го заборават тој ден. не само што роденденот добил ново значење, туку ова семејство научило многу вредна животна лекција.

„Никогаш не размислувам на тоа дека ќе ја изгубам моите ќерки. Не можам да го замислам животот без нив. И не можам да замислам како се чувствува таа мајка“ - додала Холи.


фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: