Мајка и ќерка во „откачени“ изданија на црвениот тепих: Синди Крафорд и Каја Гербер ги имаа најзабавните вечерни тоалети
Во Центарот Гети во Лос Анџелес синоќа беа доделени
годишните награди на магазинот InStyle, а меѓу најзабележителните на црвениот
тепих беа живата легенда на светското моделирање Синди Крафорд и нејзината ќерка
и млада колешка Каја Гербер.
Секое заедничко појавување на Синди Крафорд (55) и Кеј Гербер (20) е вистинско уживање за фановите на овие познати мајка и ќерка, а синоќа овие две големи манекенски ѕвезди на интересен и многу забавен начин ги координираа своите модни изданија!
На доделувањето на наградите на магазинот InStyle, манекенките се појавија заедно и позираа прегрнати пред насобраните фоторепортери. И двете се одлучија за летни макси фустани, инспирирани од фанки стилот и обете - волшебни!
Легендарната Синди Крафорд за оваа пригода избра фустан со потпис на модната куќа Missoni, а се работи за модел со затворена јака и голи рамена. Овој елегантен тоалет ја следи линијата на телото и е украсен со колоритен дезен во кој доминираат црните тонови, а посебна нота даваат суптилните светки. И нејзината ќерка се одлучи за долг фустан со сличен крој, со поотворен преден дел - дело на Александар Меквин. Станува збор за бел модел украсен со светки, кој паѓа под колковите во редови од сребрени и темно сини пердуви и е дел од колекцијата за пролет 2022 година.
Убавата мајка и ќерка долго позираа од сите агли, а речиси цело време се гушкаа. Како што пишуваат американските медиуми, тие одлично се забавувале на ова доделување и снимиле забавни клипови во лифтот.
– Синди Крафорд и Каја Гербер не потсетуваат дека мама најдобро знае – стои на Инстаграм страната на магазинот InStyle.
Фото: Инстаграм/Профимедиа