Мајка ѝ ја оставила, Ѓоле е 22 години постар од неа, а сега се зборува дека ја изневерува: Животот на Весна Ѓогани не ја милувал

Мајка ѝ ја оставила, Ѓоле е 22 години постар од неа, а сега се зборува дека ја изневерува: Животот на Весна Ѓогани не ја милувал

Објавена во: Живот // Живот

Деновиве се пишува дека Ѓоле Ѓогани ја изневерува 22 години помладата сопруга, пејачката Весна.

Парот се нема огласено по тој повод, но со некои детали покажаа дека сепак се заедно.

Имено откако екипата на „Папарацо лов“ го уловила во автомобилот со постара госпоѓа, која јасно се гледа дека ја бакнува, сега наводно се испостави дека е нивна семејна пријателка.

После тој „инцидент“ Весна објави како заедно со сопругот чистат дома, а наводно биле видени и на прошетка.

Можеби станува збор за недоразбирање, но животот на Весна всушност никогаш не бил бајка.

Таа популарноста ја стекна на почетокот на 2000-тите кога ја наследи Слаѓа Делибачиќ како пејачка во групата „Đogani fantastiko“. Во меѓувреме, групата го смени името во Ѓогани, а познатото дуо Весна и Ѓоле сè уште владеат со српската танцова и поп-фолк сцена. 

Родена е на 15 септември 1982 година во Белград. Нејзината мајка Сретена остана бремена, а татко и не сакаше да го прифати тоа дете, па беше приморана да ја напушти Весна и да ја остави во прифатилиштето за запуштени деца во улицата Звеѓанска во Белград на една година. 

Наскоро била посвоена од помлад пар кој немал свои деца. И покрај сè, Весна имаше среќно детство, па останала во контакт со нејзината биолошка мајка. Од 2002 година е во врска со Ѓорге Ѓоле Ѓогани, со кого има две деца, синот Адријан и ќерката Лора, пишува на веб-страницата Биографија.

Весна влегла во светот на музиката како тинејџер, играјќи во училиште за танцување управувано од Ѓоле Ѓогани и неговата тогашна сопруга Слаѓа Делибашиќ. Кога Ѓогани се разведоа и решија да го продолжат својот бизнис самостојно, Весна реши да остане во групата на Ѓоле. Сосема случајно, таа во 2001 година стана главен женски вокал на танцовата група Ѓогани, а од тогаш до 2019 година тие снимија шест албуми, како и многу синглови и компилации. Иако ретко настапуваат во главниот град на Србија, Весна и Ѓоле се добредојдени гости во клубовите низ цела Европа.

Кога Ѓоле и Слаѓа решија да раскинат, дел од танцовата група продолжи да работи со Слаѓа, а Весна одлучи да не го менува тимот. Ѓогани продолжи да создава музика за танцовата група Ѓогани. Како што рекоа во едно интервју, во 2001 година тргнуваат во потрага по нова пејачка. Договорот беше да се сретнат со Катарина Каја Остојиќ во Нови Сад и да и се понуди соработка. Меѓутоа, кога Ѓоле ја слушнал Весна како пее, го свртел автомобилот и се вратил во Белград. Веќе следниот ден, тие започнале да снимаат нови песни, а Весна Тривиќ стана главната женска вокалистка во групата Ѓогани.

Иако српскиот печат пишуваше дека Ѓоле ја изневерувал Слаѓа со Весна, тие во неколку наврати ги демантираа тие написи. Имено, тој истакна дека се разведол од Слаѓа во ноември 2001 година, и дека започнал врска со Весна само осум месеци подоцна. Тие го добија синот Адријан во јули 2006 година. Како што изјавил гордиот татко во тоа време, момчето го добило името по бразилскиот фудбалер Адриано (Адријано Леите Рибеиро). После тоа, Весна за кратко се повлече од јавната сцена за да му се посвети на синот. Истото го стори во јануари 2014 година, кога ја роди ќерката Лора. Инаку, Ѓоле од првиот брак со Слаѓа Делибашиќ ги има ќерките Силвија и Маринела.

Извор: стил.курир.рс


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: