Мајка монструм: Излажала дека ќерка ѝ боледува од лоша болест и тоа само поради една причина

Мајка монструм: Излажала дека ќерка ѝ боледува од лоша болест и тоа само поради една причина

Објавена во: Живот // Живот

Хана Милбрант (24) имала само седум години кога нејзината мајка ја убедила дека има леукемија и дека мора да се истрижа и да пие разни лекови. Несреќната девојка била жртва на лаги и малтретирање на нејзината мајка, која се обидела да заработи измислувајќи дека Хана е болна.

Оваа девојка од Охајо доживеала тешка траума поради која морала да побара помош од психотерапевт, а за се јавно проговорила во 2018 година.

- Имав седум години кога ми кажаа дека имам рак. Бев премногу млада за да сфатам што значи тоа, но кога го видов татко ми како плаче, се исплашив. Мајка ми Тереза ​​ме однесе на лекар кога имав блага температура и кашлица. Се чувствував добро, но таа сепак ме однесе на скенирање. Подоцна мајка ми се јави кај семејството и ни кажа дека докторот открил тумор на мојот рбет.

- Мама тогаш му рече на татко ми: „Може да биде терминален“, а тој заплака – открила тогаш Хана и додала дека животот ѝ се променил преку ноќ, морала да носи хируршка маска, а луѓето ја сожалувале.

Целата заедница на нивниот мал град му помогнало на девојчето, тие организирале добротворни акции за да може семејството да плати за скапите третмани кои наводно биле неопходни.

- Мајка ми беше медицинска сестра, па самата ми даваше лекови. Но, некако ми се чинеше дека со текот на времето се влошуваше. Почнав да добивам страшни главоболки и секогаш се чувствував исцрпено. Не можев да возам велосипед, да си играм со другарите. Носев маска на училиште. Мојот најголем страв беше дека ќе бидам одделена од семејството. Во тоа време не знаев што е смрт, но знаев дека тоа значи дека нема да бидам со моите родители и тоа ме исплаши. Почнав да се плашам да бидам сама во темна просторија, но мајка ми ми забрани да спијам со нив. Беше чудно, мама се оддалечи од мене во моментите кога најмногу ми требаше. Но, татко ми секогаш знаеше да ме расположи, опсипувајќи ме со љубов која таа не ми ја даде – изјави таа.

Еден ден се разбудила со завој на долниот дел од 'рбетот, а мајка ѝ рекла дека завојот ја покривал раната од иглата за терапија. Таа, исто така, ѝ кажала дека ја посетила медицинска сестра по име Бет, која ѝ давала терапија, но Хана никогаш не ја видела и нејзината мајка ѝ давала апчиња за спиење.

Неколку дена подоцна се разбудила без долгата руса коса.

- Врескав кога го видов мојот одраз во огледалото. Бев ќелава. Мајка ми ми објасни дека Бет ми ја избричила главата затоа што косата почнала да ми опаѓа поради хемотерапија.

- Дали ќе ми порасне повторно? Ја прашав, а таа само ми рече: „Не, не мислам така“, рекла Хана.

Открила дека нејзините пријатели плачеле кога ја виделе таква, се засрамила, па носела капа, а наставниците организирале донација за нејзиното лекување. За неа пишувале и локални весници, па донации доаѓале од сите страни.

Нејзините родители отишле толку далеку што нејзината мајка ѝ рекла дека има уште само неколку недели живот, а девојчето морало да оди кај свештеник за да се соочи со смртта.

- Тогаш наеднаш сето тоа заврши, кога моите родители и баба ми беа уапсени. Една учителка забележала дека косата ми расте рамномерно, а не во делови како после хемотерапија, па почнала да се сомнева и ја пријавила мајка ми во социјалните служби. Мама веднаш призна дека го лажирала мојот рак и измамила многу луѓе за околу 31.000 долари.  Таа беше сместена во психијатриска болница, а татко ми го пуштија со кауција. Тој ми рече дека веќе не сум болна, а јас бев пресреќна затоа што нема да умрам. Но, среќата беше краткотрајна бидејќи набрзо ме сместија во згрижувачко семејство. Бев збунета, сама и сите стравови ми се остварија, останав без семејство - изјавила Хана.

Нејзината мајка е осудена на шест и пол години затвор, откако судот ја одбил нејзината одбрана  да ја третираат како психички нестабилна личност. Таткото на Хана ја признал вината за загрозување на детето, но тврди дека не знаел дека неговата сопруга ја лажирала болеста, а бабата била ослободена.

Хана живеела со својата тетка, а на 12 години било утврдено дека е во депресија, па одела на терапии кај психолог.

Кога нејзиниот татко излегол од затвор, Хана отишла да живее со него и е убедена дека тој навистина не бил свесен за лагите на тереза, но нејзината мајка никогаш не се извинила за тоа што ѝ го направила, пишува „Дејли мејл“.


Фото: Printscreen

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: