Мајка му го оставила во контејнер веднаш по неговото раѓање: Денес многумина му се восхитуваат

Мајка му го оставила во контејнер веднаш по неговото раѓање: Денес многумина му се восхитуваат

Објавена во: Живот // Живот

Фреди Фигерс (30) моментално е CEO на компанија вредна 62 милиони доалри, која ја основам додека бил тинејџер. Освен тоа сопственик е на 4 патенти, а со технологијата се занимава уште од дете.

Фреди е роденден во Квинси, Флорида и мајка му го оставила во контејнер набрзо по раѓањето. Нејтан и Бети Фигерс го вдомиле кога бил стар само два дена, пишува „Bored Panda“.

Сега основач и извршен директор на компанијата „Figgers Communication“, Фигерс се занимава со технологија од своето детство. Кога имал 9 години, го добил својот прв компјутер кој самиот го поправил. На 12 години веќе работел како компјутерски техничар, а три години подоцна основал и компанија за компјутери.

Кога на неговиот посвоител му била дијагностицирана Алцхајмерова болест, му направил патики со вграден GPS сигнал и можност за двонасочна комуникација. Програмот го продал на компанија од Канзас за 2,2 милиони долари.

Една година подоцна, парите ги вложил за да ја лансира „Figgers Communication“, денес најголемата телекомуникациска компанија со сопствеништво на еден Афроамериканец.

На 24 години тој веќе направил и дизајнирал 80 програми, а освен неверојатниот ум и работната етика, го краси и златното срце - пример е во своето општество, каде спонзорира програми за млади, нуди стипендии на ученици и студенти, им плаќа сметки на пензионерите...


фото: Инстаграм

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: