Мајка сподели список на работи за прославата на матура на нејзината ќерка: Од сумата ќе ви се заврти

Мајка сподели список на работи за прославата на матура на нејзината ќерка: Од сумата ќе ви се заврти

Објавена во: Совети // Семејство

Шминка, фризура, нокти, депилација, фотограф, лимузина...?

Верувале или не полуматурата на Балканот започнаа да се прославуваат многу погламурозно за разлика од некои минати времиња.

Некогаш девојките сами си правеле фризури, за шминката бил задолжен некој умешен од соседството, а облеката им била согласно годините.

Времињата се променија, па на некој начин и славењето на полуматурата.

Една мајка од Белград, Србија направи листа од сите работи кои ѝ се потребни на нејзината ќерка за да заблеска на прославата:

„Шминка, фризура, депилација, маникир, педикир, фотограф, лимузина“ - вели таа, а многумина се запрашаа што би се случувало за матурирањето или за свадбата?

Оваа листа наиде на многу негативни коментари, како на пример овој во продолжение: 

„Вие сте луди, моето дете на 14 години доби фустан и фризура и многу малку шминка и тоа дома... Дали сте свесни дека девојчињата од 14 години на полуматурата изгледаат како да имаат 25, повеќе личат на пејачки, отколку на деца кои би требало да зачекорат во животот и да донесат паметни одлучи...“

Но, имаше и такви на кои сосема им е нормално сево ова: „Прво јас го имав сето тоа на својата матура, зошто утре тоа да не и го овозможам на мојата ќерка?“

Некои родители од Србија се имаат дури и задолжено за да им ги исполнат желбите на своите наследници, должат кредите за нивното дете да има незаборавна вечер, а слична е ситуацијата и во нашата држава.

Претседателот на Форумот на средни училишта, Милорад Антиќ во една прилика изјави дека за исполнувањето на сите желби на децата поврзани со матурата потребна е една просечна плата.

„Може да се потроши и повеќе, бидејќи децата често по прославата заминуваат на некој од сплавовите. Родителите се задолжуваат, а гоелм број од нив зимаат кредити и влегуваат во минуси за да им го обезбедат тоа на своите деца.“

Извор: телеграф.рс


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: